Ф1 Алманах Автомобили Актуелно Пежо 3008 Хибрид4 и натаму жнее награди
ЕКОЛОГИЈА:
Пежо 3008 Хибрид4 и натаму жнее награди
PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од 5)
Четврток, 26 Јануари 2012 14:33
Bookmark and Share

peugeot_3008HYbrid4По низа освоени награди во текот на 2011 година на пребирливите пазари како Англија, Италија, Франција и Австрија, Пежо освои уште една награда за моделот 3008 со хибриден погон.

Една недела пред официјалното комерцијално лансирање на првиот светски дизел-хибрид во сериско производство, германската издавачка куќа Мотор Пресе му ја додели на Пежо 3008 наградата Паул-Пич, именувана според нивниот ко-основач и поранешен тркач. Наградата се доделува од 1989 година, како дел од манифестацијата „Бестен аутос“ во организација на магазинот Ауто, мотор унд шпорт. Воедно, наградата се доделува на технологија или на модел кој направил значителен напредок во намалувањето на негативното влијание врз животната средина.

Моделот 3008 Хибрид4 е спој на дволитарски дизал мотор со зафатнина од 163 коњски сили со погон на предните тркала, надополнет со електромотор со моќност од 37 коњски сили на задните тркала, што го прави крос-овер со вкупен потенцијал од 200 КС. Најавената потрошувачка од 3,8 литри на сто километри би требало да се ефектура низ емисија од 99 грама јаглерод диоксид на еден километар, што е намалување од 35% споредено со стандарден мотор со внатрешно согорување, при иста моќност. Истиот погон се очекува да биде понуден и во моделот 508.

Ова е втор пат како Пежо ја добива наградата Паул-Пич, откако во 2000 година беше иновиран филтерот за честички на моделот 607.

 
Campaign

Анкета

Дали е ова последна сезона за Фелипе Маса?