|
СТИЛ:
Дизајнерски оскар за Фолксваген „Буба“ |
|
|
|
| Четврток, 26 Јануари 2012 15:08 |
Манифестацијата „Good Design“, на која што беа прогласени најдобрите светски решенија од областа на дизајнот, му додели признание на Фолксваген за моделот Beetle.
Бројни водечки производители, корпорации, студија за индустриски дизајн, архитекти, графички и продукт дизајнери од над 50 земји во светот, со своите најдобри дела се натпреваруваа за престижните награди на оваа манифестација. Жирито во Лос Анџелес додели преку 500 награди за дизајнерските трудови од 2011 година, кои пристигнале од 38 земји.
- „GOOD DESIGN“ се смета за Оскар во индустрискиот дизајн,- смета Кристијан К. Наркиевиц – Лејне, кој е претседател на Музејот на Архитектура и дизајн во Чикаго, кој е организатор на оваа манифестација. - Ова е година со рекорден број на пријави од илјадници дизајнерски фирми и корпорации. Постои изненадувачки нов висок дизајн на потрошувачки производи кои доаѓаат од Турција, Кина, Индија и Бразил,- вели тој во официјалното соопштение за наградите во 2011 година. - Доделените награди се прекрасна можност да се разбере состојбата во глобалниот дизајн денеска. Овие безброј проекти доаѓаат од толку различни географски подрачја, брендови, производители и дизајнерски студија. Преку нив, можете да го видите дизајнот што му дава форма на нашиот свет, како и блиската иднина,- верува Џорџо Борусо, член на жирито. Наградите се поделени во 25 категории, а во доменот на транспортот има 19 признанија. Меѓу нив се решенијата за ултра-брз воз од Бомбардиер, палета на решенија од БМВ за авион, јахта, возила и мотоцикли, додека од другите производители на автомобили награди имаат уште Мерцедес, Киа, Хјундаи и Волксваген. Според соопштението до медиумите, се наведува дека наградата за Фолксваегн Буба е заради нејзиниот модерен и естетски изглед, кои го продолжуваат имиџот на оваа икона која веќе наполни 73 години, заедно со еколошкиот мотор, спортскиот стил и најсовремените комуникациски технологии. |
Последни објавени вести
Анкета
Најчитани статии - Автомобили
-
НАГРАДА:Ауди со награда кај дволитарците
-
ПРОМОЦИЈА:Хјундаи иx20: Урбан и мултинаменски компакт
-
ПРОМОЦИЈА:ПЕЖО 508: Лидер во гамата
-
ВОЗЕВМЕ ХЈУНДАИ и10 :Автономијата пред перформансите
-
СТИЛ:Дизајнерски оскар за Фолксваген „Буба“