Ф1 Алманах Автомобили Актуелно Нов рекорд на стариот Нирбургринг
ФЕРАРИ:
Нов рекорд на стариот Нирбургринг
PDF Печати Е-пошта
(3 гласови, просечно 5.00 од 5)
Недела, 25 Април 2010 15:54
Bookmark and Share

ferrari_599xx_600_nirburgring_2010Ферари објави дека на 21 април 2010 година бил соборен рекордот на легендарната патека Нирбургринг во класата на спортски автомобили што се во производство.

Автомобилот Ферари 599 ХХ е единствениот кој може да се пофали дека ја минал 20,832 километри долгата патека популарно наречена „зелен пекол“, за помалку од седум минути (поточно за 6 минути, 58 секунди и 16 стотинки). Според соопштението на компанијата од Маранело, 599 ХХ кој е дизајниран само за користење на тркачка патека, но не за официјални натпреварувања, претставува стварност излезена од технолошките лаборатории. Некои иновативни солуции се ексклузивни за 599ХХ, додека некои ќе бидат споделени со 599ГТО кој минатата седмица беше претставен на салонот во Пекинг. Така на пример, возилото има технологија презема од Формула 1, како зацврстувачите кои делумно ги покриваат тркалата (бандажот и сопирачкиот диск), за да ја редуцираат турбуленцијата и да го подобрат ладењето на сопирачките. Од аеродинамичка страна, автомобилот го претставува системот Actiflow, кој ја зголемува потисната сила (даунфорс) и го намалува отпорот при различни услови во возењето (низ свиок). Заедно со другите детали, конечниот резултат е несекојдневното ниво на вертикалната сила од 630 килограми при 300 километри на час.

Интересно, во соопштението Ферари не го наведува податокот кој возач бил зад воланот, но потенцира дека основа за перформансите на возилото биле специфичните компоненти кои биле развиени од техничките партнери: керамички сопирачки од Брембо, пневматици од Мишелин (29/67/19 за напред, 31/67/19 за назад), како и масло и гориво од Шел. Во видео материјалот (достапен подолу) е појаснето дека зад воланот е тест возачот Рафаеле ди Симоне, кој ја има честа меѓу првите да ги тестира новите модели на патеката во Фјорано. Изостанува и податокот објавен на промоцијата во март 2009, дека дванаесет цилиндричниот V12 мотор кај 599ХХ за разлика од серискиот 599ГТБ има поголема моќност за 80 КС, односно испорачува вкупно 700 КС, благодарение на подигтнатиот максимум од 9000 вртежи на моторот во минута, како и на доработката на коморите за согорување и на зголеменото абење.

Токму поради тие причини, овој автомобил е во лимитирана серија и не е хомологиран за официјална употреба, туку е приватен тркачки автомобил за оние кои можат да си го дозволат.

 
Campaign

Анкета

Дали е ова последна сезона за Фелипе Маса?