|
БУГАТИ:
Шумахер го продава своето ЕБ 110 |
|
|
|
| Сабота, 22 Мај 2010 10:13 |
|
Како продавач на автомобилот се јавува фирмата Маранело Моторс со седиште во Келн, која за автомобилот на Шумахер бара цена од 600.000 евра. Според огласот кој е достапен и на Интернет, возилото е регистрирано во 1994 година, кога Германецот настапуваше за Бенетон Форд. Во деталите за автомобилот се наведува само дека е едвај возено и дека има луксузна внатрешност.
Огласот на Шумахер е достапен на следниот линк: http://www.jameslist.com/advert/119892/for-sale-bugatti-eb-110
Огласот на Батон е достапен на следниот линк: |
Последни објавени вести
Анкета
Најчитани статии - Автомобили
-
НАГРАДА:Ауди со награда кај дволитарците
-
ПРОМОЦИЈА:Хјундаи иx20: Урбан и мултинаменски компакт
-
ПРОМОЦИЈА:ПЕЖО 508: Лидер во гамата
-
ВОЗЕВМЕ ХЈУНДАИ и10 :Автономијата пред перформансите
-
СТИЛ:Дизајнерски оскар за Фолксваген „Буба“









Седумкратниот светски првак на Формула 1, Михаел Шумахер, го огласи едниот од своите ретки колекционерски модели, автомобилот Бугати ЕБ 110 супер спорт.
Шумахер беше познат како колекционер на спортски автомобили, а новата куќа која што ја градеше во Швајцарија на плац со површина од 13 хектари, беше посочена и како дом на неговите 19 автомобили. Минатото лето и Џенсон Батон го огласи своето Бугати Вејрон со 1001 коњска сила од 8 литарскиот мотор, со поминати 1500 милји, за цена од 1,1 милион евра. Оправданието на Џенсон беше дека тој веќе поседува Мерцедес ЦЛК АМГ ДТМ, Ферари Енцо и уште три различни патнички автомобили. Неговата желба за менување на скапите спортски автомобили им е позната на трговците кои посочуваат дека тој сменил неколку автомобили од Ферари и Порше.
