|
ТРАБАНТ:
Римејкот достапен во 2012 ? |
|
|
|
| Четврток, 17 Декември 2009 00:00 |
|
Трабант беше херој на своето време, се произведуваше во Цвикау, каде што пред Втората светска војна била фабриката на Ауди, но современата автомобилска индустрија направи од него „грдо пајче“, кое стана предмет исклучиво за колекционери. Во 2007 година, по повод петдеценискиот роденден на „Траби“ , германската компанија за играчки Херпа на салонот во Франкфурт презентираше концепт кој го сврте вниманието, па сега веќе постојат сериозни планови за негов римејк во иднина. За разлика од поранешните верзии кои беа далеку од денешните еколошки стандарди, со чадлив двотактен мотор од 600 сантиметри кубни и синтетички елементи наместо лимарија, новата верзија би требало да биде сосема обратно нешто, што подразбира погон од електричен мотор. Имено, Херпа го ангажирала Индикар, дел од американскиот Фармингтон, кој има специјализација во доработување блиндирани возила. Сегашниот концепт е наречен Трабант нТ , а предвидува електричниот мотор да биде асинхрон и да има моќност од 45 киловати, со што би можел да помине до 160 километри, со максимална брзина до 130 километри на час (што 20 км/ч побрзо од историскиот Трабант Модел 601). Се смета дека просечниот германски возач дневно минува 50 километри, со што еднаш на три дена ќе бара дополна на „горивото“ од редовната мрежа, по цена од едно евро за „резервоар“. Според гласноговорникот на Индикар, можно е да се изработи и модел со бензински мотор. ![]() Во текот на септември 2009 година, менаџерот на Херпа, Клаус Шиндлер изјави во интервју за Њујорк Тајмс дека постојат дискусии со голем број на светски производители за сериско производство од 2012 година. Тогаш беше изнесена и идејата дека нема да се нудат „купишта непотребни додатоци“, па беше откриено и дека цената не би требало да биде поголема од 20.000 евра. |
Последни објавени вести
Анкета
Најчитани статии - Автомобили
-
НАГРАДА:Ауди со награда кај дволитарците
-
ПРОМОЦИЈА:Хјундаи иx20: Урбан и мултинаменски компакт
-
ПРОМОЦИЈА:ПЕЖО 508: Лидер во гамата
-
ВОЗЕВМЕ ХЈУНДАИ и10 :Автономијата пред перформансите
-
СТИЛ:Дизајнерски оскар за Фолксваген „Буба“









Една од иконите на германскиот социјалистички период (Источна Германија, пред падот на „ѕидот“ во 1991 година), се чини дека е на добар пат да се подигне од пепелта.


