Ф1 Алманах Автомобили Новитети Со А8 завршува 2009, со А1 почнува 2010
АУДИ:
Со А8 завршува 2009, со А1 почнува 2010
PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од 5)
Понеделник, 14 Декември 2009 00:00
Bookmark and Share

 

Audi_A8_2009

Ауди објави дека новата луксузна лимузина од нивната гама, знаменосецот А8, ќе биде најспортскиот модел во својата класа. Промоцијата на А8 се случува само неколку месеци пред официјалното дебитирање на А1 во Женева, со што компанијата за прв пат ќе зачекори во сегментот на малите градски возила од Б-сегментот.

Претставувајќи го А8 во Мајами, Ауди откри дека А8 има лесна алуминиумска каросерија со мала тежина, што овозможува заштеда во тежината од околу 40% во однос на шасијата изработена од челик. Сепак, она што треба да ги остави потенцијалните купувачи без здив е врвната завршна обработка на внатрешноста која вклучува мултимедијален начин на управување со возилото, како и други модерни решенија во кои се вбројуваат осумстепениот Типтроник менувач и ЛЕД технологијата во сите светлосни групи.

Мултимедијалниот интерфејс за управување на многуте системи во возилата (MMI) е унапреден со помош на централниот екран осетлив на допир. На овој начин возачот интуитивно ќе може да користи голем број функции со едноставно притискање на екранот. MMI дава информации за работата на менувачот, предните фарови и АСС старт и стоп системите. Со заедничката работа на овие системи, централниот компјутер може да препознае разни сценарија во сообраќајот и да врши превентивни корекции за да му помогне на возачот. Технологијата "Audi pre sense" го надгледува ESP системот и доколку воочи максимална сила на сопирање или пролизгување, ги затвара сите прозори, ги затегнува сигурносните појаси и како предупредување кон сите учесници во сообраќајот - ги пали четирите трепкачи. Системот исто така реагира и на пешаците во неосветлените зони. Покрај тоа, адаптивниот темпомат со помош на радар во предниот и задниот дел го надгледува сообраќајот, со што е оспособен да одржува подеднакво растојание од возилата напред. Доколку возачот не реагира на аудио-визуелните предупредувања, системот го забавува возилото, а доколку опасноста од судир е неизбежна - го запира автомобилот со опаѓање на брзината од пет метри во секунда и со нагло сопирање.

Audi A8 иницијално ќе биде понуден со два V8 мотори: бензински 4.2 FSI со 372 КС (и 445 Nm од 3.600 вртежи/мин. Автомобилот забрзува до стотка за 5,7 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 250 км/ч.); како и 4.2 TDI со 350 КС. Во наредните месеци, ќе бидат понудени и моделите со 3.0 TDI погон со 250 КС. Сите мотори имаат подобрување во перформансите и намалена просечна потрошувачка од 13 до 22% благодарејќи на напредните технологии, како што се системите за враќање на енергијата и системот за термална контрола. А8 ќе се испорачува со Quattro системот, како и со аудио системот на Bang&Olufsen – 1400W и 19 звучници, во комбинација со врвниот засилувач специјално проектиран за каросеријата на А8.

Новата луксузна лимузина ќе биде достапна во продажните салони во почетокот на 2010 година, токму кога медиумите ќе ги дознаат официјалните детали за градскиот шармер Ауди А1, кој ќе ја воведе оваа марка со класата на Поло, европскиот автомобил на годината.

Промотивни видео клипови за Ауди А8:

 
Campaign

Анкета

Дали е ова последна сезона за Фелипе Маса?