|
ФИАТ:
Ново Добло со седум седишта |
|
|
|
| Сабота, 02 Јануари 2010 05:38 |
|
За ова да биде возможно направена е сосема нова платформа која нуди повеќе простор во кабината, меѓуоскино растојание од 2,755 метри, багажен простор до 790 литри (кој расте до 3.200 литри со спуштени седишта), додека кај техничките решение иновирана е би-линк суспензија и намалена емисија ја јаглерод двооксид. За да обезбеди максимално динамичко однесување, комфор и активна сигурност во сите услови на возење, на пат и на товар, возилото е опремено со иновативни механички решенија, меѓу кои се истакнува задното потпирање (bi-link), предложено со различни обработки на неговите делови во функција на употреба на возилото. Возилото е проектирано и конструирано така што ги достигнува највисоките нивоа на пасивна сигурност, благодарение на шасијата со програмирано деформирање, страничните воздушни завеси и иновативните предни воздушни перничиња, кои вршат заштитна функција како за пределот на главата така и за пределот на градниот кош. Заедно со новото Фиат Добло создадено е и новото Добло Карго што проектирано за да биде на врвот во категоријата како по перформансите така и по функционалните карактеристики. Располага со товарен простор, поширок во однос на претходниот модел: коцкасто, правилно, потполно искористливо, опремено со лизгачки странични врати и задни врати со големи димензии, што ги олеснуваат постапките на товарење и растоварување (внатрешна должина до 2,2 метри, ширина меѓу двете тркала 1,23 метри, волумен од 3,4 до 4,2 кубни метри, носивост од 750 до 1000 килограми, комбинирана потрошувачка од 4,8 литри/100 km и автономија од 1.250 километри co моторот 1.3 Мултиџет). Се вкупно, гамата содржи 7 различни типови на шасија: фургон со кратко и долго меѓуоскино растојание, фургон со висок покрив, комби со 5 седишта со кратко и долго меѓуоскино растојание; особено се интересни неиздадените верзии на кратки и долги “подни платформи“, што го прават особено лесно и економично трансформирањето за специфичните професионални активности (фрижидери, фиксни и сандаци на спуштање). Комерцијалното лансирање на новите модели почнува од средината на јануари 2010, но може да се нарачаат од крајот на ноември во Италија, а од декември и на другите европски пазари. Промотивно видео за Фиат Добло: |
Последни објавени вести
Анкета
Најчитани статии - Автомобили
-
НАГРАДА:Ауди со награда кај дволитарците
-
ПРОМОЦИЈА:Хјундаи иx20: Урбан и мултинаменски компакт
-
ПРОМОЦИЈА:ПЕЖО 508: Лидер во гамата
-
ВОЗЕВМЕ ХЈУНДАИ и10 :Автономијата пред перформансите
-
СТИЛ:Дизајнерски оскар за Фолксваген „Буба“









Последниот новитет кој доаѓа од Торино тврди дека е дизајниран на начин кој најдобро го користи просторот во возилото, па така може да прими и до седум патници.
