|
ШКОДА РУМСТЕР 1.2
Најмладиот голем брат |
|
|
|
| Понеделник, 15 Јуни 2009 00:00 |
|
Румстер првпат дебитираше во Женева 2004 година, а во меѓувреме се етаблираше во својата класа и доби придружба со товарниот Практик и крос-оверот Скаут. Кај надворешниот дизајн импонира модернистичкиот пристап, со цел да се избегне она од што страдаат многу МПВ креации, а тоа е да бидат распознавани по коцкастоста. Автомобилот нуди многу простор, а за да биде тоа така, задното тркало е поместено сосема на крајот, што нуди меѓуоскино растојание од 2,6 метри кое визуелно делува моќно. Заедно со покривните носачи и големите странични стаклени површини сето ова е уште повеќе нагласено, при што е забележлива и играта со линиите. Предниот дел тука „дише“ на поконвенционален начин, додека задниот дел навестува слобода.
Креаторите тоа го искажале и со дизајнот на внатрешноста, при што концептуално предниот дел е именуван како „соба за возачот“, а задниот како „дневна соба“. Првото воопшто не збунува, напротив регуларно се си е на свое место, иако може да ве зачуди тоа што и покрај сета комоција десната потколеница може да биде притисната за масивниот централен столб. Но, такви проблеми нема назад, бидејќи трите поединечни седишта се претвораат во два удобни наслони со маса на средина, а во грбот на седиштето на средина, има простор за чаши. Кога тоа е навалено и целот багажник од 450 литри е на дофат. Целиот систем (трите седишта и нивната агилност) е именуван како ВариоФлекс, па според прозиводителот постојат повеќе од 20 опции за позиционирањето на секое седиште, со што се влијае и на багажниот простор. Тестираниот примерок беше со почетниот мотор во понудата, 1,2 литри со 70 коњски сили. Моторот има три цилиндри, при што според фабричките податоци максималната моќност ја постигнува на 5400 вртежи, додека максималниот момент е позициониран кај 3.000 вртежи (112 „њутни“). Декларираната потрошувачка е 8,7 во град и 5,5 на отворено, односно 6,7 како просек според европските норми. Надвор од тие норми, за време на пробното возење низ скопските улици добивме просек на потрошувачката од 7,6 литри, додека на отворен пат (Скопје – Истанбул – Скопје) потрошувачката на отворено беше 6,2 литри. Во понудата има уште два бензински, кои веројатно би биле помалку згодни за градско возење, а би нуделе поголеми брзини на отворен пат, доколку тоа го барате, но предвидени се и два дизел мотори.
Иако најмал во понудата, моторот од 1,2 литри воопшто не признава дека е недораснат на задачата. Домаќински во град, но на отворен пат без проблеми ги постигнува дозволените брзини од 120-130 километри на час. Максималната брзина од 155 км/ч имав можност да ја постигнам на една делница од автопатот и бев изненаден од леснотијата со која истата се одржува, што ми даде чувство дека конструкцијата на моторот е „стара школа“ на нискотуражни машини со голема вечност. Менувачот со пет степени бара повеќе работа, од најслабиот мотор не може да се очекува еластичност како кај помоќните машини, па во градско возење дури и третиот степен знае да биде премногу ако вртежите паднат ниско. Одот на рачката е условно долг, бидејќи сепак ова не е спортски автомобил кој има потреба од краток пренос за менување на степените. Од друга страна, убаво е што кај сите модели на Румстер без исклучок рачката на менувачот е обложена со кожа. Кај најсилниот бензинец од 105 КС има можност и да се вгради 6-степен типтроник, а со тоа да се постигне и совршенство по ова прашање. Лежењето на пат е приказна во кој мора да се имаат на ум неколку моменти. Прво, самата должина на меѓуоскиното растојание од 2,6 метри го прави крстосувач по концепција, но од друга страна таква е и неговата природа, и како патнички автомобил, но и како товарен или кросовер. Второ, самиот автомобил е 1150 килограми, кои не делуваат премногу, но стабилноста и балансираноста е постигната, бидејќи тоа се покажа во неколку наврати при потребата за брза реакција. Дополнително, носивоста е 515 килограми, што значи дека четворица патници со комплетен багаж можат комотно да ги истражуваат новите дестинации. Потпирањето се базира на Мекферсоновиот систем за амортизација напред со долни триаголни спони и вртежен стабилизатор, додека назад е амортизација со повеќе спони.
Можеби е помалку популарно што во стандардната опрема не доаѓа повеќе од воздушно перниче за возачот и совозачот, но затоа е добро што има АБС, а за верзиите со ТипТроник следи и ЕСП. Румстер има пет ѕвездички на Еуро НЦАП тестот за безбедност, во делот за возрасни патници, додека за помлади патници оценката е четири ѕвездички. Тие тестирања се спроведени со дополнителни воздушни перничиња од страна за телото и главата, но не и за колената на возачот. Сублимирано, иако е во долниот сегмент на понудата, Румстер може слободно да се смета за „голем брат“ чии квалитети можат да ја унапредат целата гама, односно да влијаат на поголемото задоволство за оние кои го избрале овој бренд. Препорака до сите кои уживаат во подолгите патувања е да искористат максимум од понудата, вклучувајќи ги тука и ладениот простор „за ракавици“ кој во лето може да биде од голема помош, како и некои ситници од дополнителната опрема, како што се сензорите за паркирање кои на „обилниот“ Румстер ќе му бидат од помош при наоѓањето место за починка во урбаната џунгла. Пишува:
|
Последни објавени вести
Анкета
Најчитани статии - Автомобили
-
НАГРАДА:Ауди со награда кај дволитарците
-
ПРОМОЦИЈА:Хјундаи иx20: Урбан и мултинаменски компакт
-
ПРОМОЦИЈА:ПЕЖО 508: Лидер во гамата
-
ВОЗЕВМЕ ХЈУНДАИ и10 :Автономијата пред перформансите
-
СТИЛ:Дизајнерски оскар за Фолксваген „Буба“









Позицијата на Шкода како бренд на групацијата Фолксваген и овозможува директен контакт со купувачите кои сакаат нов и современ автомобил, притоа внимавајќи добро на секое евро од својата инвестиција. Во таква ситуација, логично беше во понудата да се најде и повеќенаменско возило, бодејќи таквите конструкции секогаш нудат најмногу вредност за секоја вложена парична единица.




