| Постојат идеи за автодром во Србија |
|
|
|
| Понеделник, 16 Јануари 2012 15:07 |
|
Во разговорот со првиот човек на светскиот авто-мото спорт, новинарот Зоран Живков интересирајќи се за активностите на Тод, доби одговор дека најмногу внимание било посветено на промоција на иницијативите за безбедност во сообраќајот, додека за автодром целата работа е оценета само како идеја. - Дали имавте разговори за изградба на вистинска патека? - Не. Иако со луѓето од Авто-мото сојузот разговаравме за тоа. Постојат некои идеи, но во во нив ФИА нема да се меша. Ние го водиме светскиот авто-мото спорт и доделуваме лиценци за автодромите. Меѓутоа, не учествуваме во нивната изградба, освен советодавно. Се надевам дека во иднина Србија ќе добие современа патека на која ќе се организираат натпревари од закрила на ФИА,- вели претседателот Тод. Лани беше најавено дека Зоран Стефановиќ, основачот на екипата Стефан Гран при која што конкурираше на тендерот на ФИА за тринаесетта екипа во Формула 1, потпишал меморандум за изградба на патека од 3,5 километри во Стара Пазова, на 25 километри од Белград. Наводно, таа требаше да биде дел од таканаречениот технолошки парк, каде што тимот би бил сместен, но досега нема реализација на таа идеја, ниту пак екипата доби лиценца од ФИА. Во другиот дел на интервјуто, првиот човек на светската автомобилистичка федерација го оценува развојот на техниката и технологијата како фантастичен и тоа го оценува како предизвик за еволуција на патничките возила. - Се менуваат правилата за изработка на автомобилите, па зашто да не се менуваат и правилата во автомобилскиот спорт? Треба да се оди во чекор со актуелните можности,- вели Тод како одговор на прашањето за воведувањето на „зелени“ технологии. Тод не спомува детали околу непосредната иднина во Формула 1, ниту дали ќе се држи до планот за еден мандат, без да бара реизбор. Во интервјуто тој вели дека уживал во секој момент од неговата кариера, па и во животот, но дека му претстојат многу предизвици и не многу лесни одлуки, кои ќе треба да ги донесе со своите добри соработници. |









Претседателот на ФИА, Жан Тод, кон крајот на декември ја посети Србија во рамки на прославата на 90 години од Авто-мото сојузот на оваа земја, при што даде и интервју за магазинот Топ Спид.