| Сена е најдобар избор во ригорозна селекција |
|
|
|
| Вторник, 17 Јануари 2012 19:17 |
|
Оттука, воопшто не зачудува што меѓу првите одговори за новиот ангажман, Бруно се осврна на поддршката од семејството. - Сите се возбудени! Најпрвин зборев со баба ми и дедо ми (родителите на Аиртон и на неговата мајка Вивиан – з.а.), а потоа со мајка ми. Баба ми беше среќна, дедо ми се смееше, сите во семејството се радосни, сите работеа напорно за ова да се случи. Ова е семеен бизнис, имаме големо заедништво и сите се супер среќни,- гласи оценката на Бруно. По објавувањето на веста за ангажманот на бразилскиот пилот, Вилијамс на англиските новинари им овозможил теле-конференциска врска со новиот возач, при што тој посочил дека минал низ ригорозен процес на оценување на способностите. Англискиот Аутоспорт објави дека на нивното прашање дали Бруно е сигурен дека бил најдобар во селекцијата, а не дека имал најдобри спонзори, добиле потврден одговор и од самиот пилот, но и од инженерот на екипата Марк Гилан. - Да, сигурен сум. Тие ме испитуваа низ различни тестови, дури не ме ни прашаа за спонзори на старот од преговорите. Сакаа најпрвин да ме оценат. Единствена шанса да ја добијам нивната доверба беше да бидат задоволни со моите перформанси. Направивме неколку тестови, по кои и јас сум убеден дека можам да ја исполнам целта,- гласи одговорот на Бразилецот. Тој потврди дека освен во симулаторот, работел и со тркачкиот инструктор Роб Вилсон, но исто така морал да ја докаже и својата физичка подготвеност. Новиот шеф на техничките операции во Вилијамс, Марк Гилан, од своја страна потврди дека тимот работел на обезбедувањето на најдобриот можен возач. - Од наша страна беше спроведена екстензивна програма за евалуација на возачите, а конечната одлука беше донесена базирано на сировата брзина, консистеноста, умешноста да се менаџерираат пневматиците, техничкиот фибек до екипата, како и менталниот капацитет. Најважен фактор ни беше потенцијалниот импакт на возачот врз тимот. Мислам дека во сите тие полиња беше јасно дека Бруно нема многу искуство, но постојано покажуваше напредок и вистински талент. Од наша страна, очекуваме да соработуваме со него во една екстремно важна година за Вилијамс, имајќи ја предвид лошата сезона која ја оставаме зад нас,- рече Гилан. Тој не ги откри имињата на другите возачи со кои разговарале, но потврди дека меѓу нив бил и Адријан Зутил, но негово лично мислење и се вкупна оценка од тимот била дека најдобра иднина имаат со Бруно Сена. Досегашниот пилот на Вилијамс, Рубенс Баричело, преку Твитер се прости од навивачите, иако не прифати да стави точка на својата кариера, оставајќи порака „иднината е широко отворена“. Се верува дека и Зутил има најмногу шанси како тест возач на Мерцедес со идеја да го наследи Шумахер, додека Баричело и во минатото беше интересен за Мекларен, па нема да биде чудно доколку добие понуда од англискиот тим да ја преземе улогата на трет возач наместо Педро де ла Роса. Имајќи ја предвид некогашната блиска колегијална врска меѓу Аиртон Сена и Рубенс Баричело, Бруно смета дека и тој ќе ја задржи добрата релација, и покрај фактот што неговиот ангажман става принудна точка на долгата кариера на досегашниот пилот на Вилијамс. - Немав можност да зборувам со него, но јас и Рубенс имаме добри односи откога се знаеме. Ова се трки, ова е спорт. Секогаш има шанса дека еден човек ќе дојде, а друг ќе си замине, но во тоа нема ништо лично. Тоа е само спорт и Рубенс го знае тоа многу добро,- изјави новиот пилот на славната екипа, која зад себе има осум конструкториски титули.
|









Ангажманот на Бруно Сена во Вилијамс Рено генерално е толкуван на два начина, оние поскептичните го гледаат тоа како нов „брак од интерес“ меѓу возач со силна спознорска поддршка и тим со финансиски потешкотии, додека оние кои веруваат во чуда се оптимисти дека внукот на легендарниот Аиртон ќе ја врати магијата и ќе ја исполни мисијата да освои титула со нив, наспроти фактот дека неговиот вујко загина токму во болид на оваа екипа.