Жан Тод доаѓа во Македонија
PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од 5)
Петок, 20 Јануари 2012 14:33
Bookmark and Share

michele_yeoh_jean_todt_600_singapore_2009Претседателот на светската автомобилистичка федерација, Жан Тод, ќе го посети Скопје како дел од своите активности и посета на членките на ФИА.

Информации за оваа посета циркулираа уште од крајот на минатата година, меѓутоа веста за доаѓањето на Тод денеска телефонски ја потврди генералниот секретар на Автомобилистичката федерација на Македонија, Ранко Станојковски. Во светската асамблеа од последниот состанок на ФИА одржан на крајот од 2011 година , АФМ е примена како членка која ќе ја претставува спортската страна, додека АМСМ го продолжува своето членство како дел од структурата во вториот столб на активности, а тоа е турингот и мобилноста.

Детали за посетата на Тод не се познати, но се очекува истите наскоро да се прецизираат и официјално да се објави и терминот и протоколот за посетата. Во 2008 година, претходникот на Тод, Макс Мозли, ја посети Македонија за време на доделување на наградите за возачите од натпреварувањата во Централно-европската зона на држави, каде што членува и нашата земја. ФИА спроведува повеќе кампањи за безбедност на патиштата, подигање на стандардите и на свесноста кај возачите, но и за подобрување на еколошките аспекти кај автомобилите.

Претходно, Жан Тод и самиот се занимаваше со учество на авто-трките, како учесник на рели натпреварите, а потоа тимски шеф на рели тимот на Пежо и тимски шеф на Ферари во Формула 1.