Ситроен ДС4 најсипматичен за хомосексуалците
PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од 5)
Четврток, 26 Јануари 2012 22:54
Bookmark and Share

citroen_ds4Францускиот клуб на љубители на стари возила, Легорда, веќе осма година по ред го спроведува изборот на Европски автомобил на годината за хомосексуалците, а како лауреат за 2012 година е селектиран Ситроен ДС4.

Според правилата објавени на веб страницата на овој клуб, право на учество имаат сите возила кои се појавиле на пазарот меѓу 1 јануари и 31 декември претходната година, но наградата се доделува за следната. Изборот е отворен за автомобили од секаков каросериски тип (кабриолети, каравани, семејни лимузини), но не е дозволено учество за комерцијални возила, ниту пак за фејс-лифт освежувања на некои модели. Гласањето се одвивало преку нивниот веб сајт, а победник е оној со најголем број на гласови. Според самите организатори, примарна цел е да се истражи вкусот на учесниците во овој избор.

Во објаснувањето на резултатите за наградите е наведено дека лани Ситроен ДС3 за еден поен ја загубил битката со Пежо РЦЗ. Новиот стил на Ситроен, особено во дизајнот на флотата означена со ДС, силно се обраќа на јавната потрага по својствен и индивидуален модел. Во изборот за 2012 година, Ситроен ДС4 освои 396 поени, додека битката за второто место му припаднла на Рејнџ Ровер Евок со 365 бода, само 18 повеќе од третопласираниот Мини Купе. Организаторите признаваат дека се изненадени од резултатите бидејќи прв пат се случува да победи возило кое не е ниту купе, ниту кабриолет, а трендот на гласачите го потврдува и изборот на второпласираниот модел.

- Се чини дека нашите хомосексуални гласачи се свртеа од индивидуалистичките машини за забава кон пофамилијарните модели, но се уште се прилични тренди,- се вели во објавата на организаторите.
На табелата од четвртото со десеттото место се наредени Ситроен ДС5, Фолксваген Буба, Мерцедес СЛС роудстер, Ауди Ку3, Ламборгини Аветадор, Фолксваген Голф кабрио и БМВ серија 1.

Претходни победници на овој избор и носители на титулата „European gay car of the year“ се:
2011 – Пежо РЦЗ

2010 – Фиат 500Ц

2009 – Алфа Ромео МиТо

2008 – Фиат 500

2007 – Алфа Ромео Спајдер

2006 – Астон Мартин ДБ9

2005 – Мини Кабрио