|
ПОЛА-ПОЛА:
Пирели го ангажираше Петров, сега бара болид |
|
|
|
| Среда, 25 Јануари 2012 23:36 |
|
Иако неговото име беше најчесто спомнувано како опција за едно од седиштата во Кетерхем, Јарно Трули и Хеики Ковалаинен остануваат и трета сезона со новиот тим во чиј развој вложија значителен период од својата кариера. Ангажманот на Петров нема да биде пречка доколку Русинот најде седиште во некоја од Ф1 екипите, слично како што тоа беше случај лани со Ник Хајдфелд. Од страна на Пирели пак, се наметнува проблемот дека тие имаат на располагање еден болид од Тојота, кој што беше конструиран од страна на јапонскиот тим за 2010 година, но никогаш не се појави во трка бидејќи фабриката се повлече до Формула 1. Со промената на правилата, болидите се поразлични од порано, па развојот на гумите ќе биде отежнат. Дополнително, доколку развојот продолжи само преку концептот тие да обезбедат еден болид, резултатите можат да не бидат толку веродостојни, па пневматиците да им одговараат повеќе на еден тим, отколку на друг. Според директорот за моторспорт на Пирели, Пол Хембери, за овој проблем ќе се разговара на највисоко ниво, во Ф1 комисијата на ФИА. Светската автомобилистичка организација на екипите им дозволи три тест сесии пред новата сезона, како и една тест сесија пред почеток на европскиот дел од шампионатот. |
Последни објавени вести
Најчитани статии - Ф1
-
ТЕСТИРАЊА:Егзибиции на Мерцедес
-
СПОРЕДБА:Што може да се прочита од резултатите во Херез?
-
ПЕРФОРМАНСИ:Тајната за успехот на Ред Бул е Рено
-
ТЕСТИРАЊЕ:Првите почести за повратникот Раиконен
-
ТЕСТИРАЊЕ:Алонсо го затвори Херез
| 01 | Себастијан Фетел (Ред Бул) |
392 |
| 02 | Џенсон Батон (Мекларен) | 270 |
| 03 | Марк Вебер (Ред Бул) |
258 |
| 04 | Фернандо Алонсо (Ферари) | 257 |
| 05 | Луис Хамилтон (Мекларен) |
227 |
| 06 | Фелипе Маса (Ферари) | 118 |
| 07 | Нико Розберг (Мерцедес ГП) | 89 |
| 08 | Михаел Шумахер (Мерцедес ГП) | 76 |
| 09 | Адријан Зутил (Форс Индија) | 42 |
| 10 | Витали Петров (Лотус Рено) | 37 |
Избор на уредникот
-
УСПЕХ:Без освоен бод до 25 милиони долари
-
ТРАНСФЕРИ:Битка за тест седиштата
-
ГРИЖИ:Не е лесно да си ФИА во 2012
-
СПОРЕДБА:Пирели дополнително ги омекнува стратегиите
- ФИА стана дел од ИОК
ГН Австралија (2012)
| Петок | |
| 02:30 - 04:00 | |
| 06:30 - 08:00 | |
| Сабота | |
| 04:00 - 05:00 | |
| 07:00 | |
| Недела | |
| 08:00 |









Менаџерката на Витали Петров, Оксана Косаченко, посочи дека рускиот пилот ќе биде тестер на Пирели во 2012 година, откако остана без ангажман по двете години во Лотус Рено.




