|
РАЗЛИКА:
На половина секунда од Заубер и Торо Росо |
|
|
|
| Петок, 27 Јануари 2012 12:22 |
|
Возачот на Кетерхем е задоволен што екипата за прв пат во својата историја ќе го користи електромоторот како извор на дополнителни перформанси, а техничкото решение го преземаат од Ред Бул, кои исто така го користат моторот на Рено. Финецот по двете сезони во Мекларен покрај Хамилтон, сега две години беше инволвиран во развојот на новата екипа и смета дека е дојдено времето кога можат да влезат во дуел со други екипи. Во 2011 година, на табелата на конструкторите Вилијамс беше деветти, што е најлош пласман во историјата на некогашните шампиони, па се верува дека Кетерхем сега ги таргетира Заубер и Торо Росо, кои лани до последната трка беа во дуел за седмото и осмото место. - КЕРС е нешто што ќе ни овозможи да се тркаме со тие околу нас, особено на стартот од трката,- изјавил Ковалаинен за Скај Спорт. - Во смисла на времето за еден круг, тоа би требало да придонесе со околу четири десетинки по круг,- дополнува Финецот. Во интервјуто по повод презентацијата на новиот болид тој посочува дека сакаат да се приклонат кон средината на табелата и да избегнат да бидат најдобри меѓу најслабите. Ланската сезона тие ја завршија со разлики од пет десетинки до секунда и половина задоцнување зад пилотите на Заубер, Торо Росо и Вилијамс. |
Последни објавени вести
Најчитани статии - Ф1
-
ТЕСТИРАЊА:Егзибиции на Мерцедес
-
СПОРЕДБА:Што може да се прочита од резултатите во Херез?
-
ПЕРФОРМАНСИ:Тајната за успехот на Ред Бул е Рено
-
ТЕСТИРАЊЕ:Првите почести за повратникот Раиконен
-
ТЕСТИРАЊЕ:Алонсо го затвори Херез
| 01 | Себастијан Фетел (Ред Бул) |
392 |
| 02 | Џенсон Батон (Мекларен) | 270 |
| 03 | Марк Вебер (Ред Бул) |
258 |
| 04 | Фернандо Алонсо (Ферари) | 257 |
| 05 | Луис Хамилтон (Мекларен) |
227 |
| 06 | Фелипе Маса (Ферари) | 118 |
| 07 | Нико Розберг (Мерцедес ГП) | 89 |
| 08 | Михаел Шумахер (Мерцедес ГП) | 76 |
| 09 | Адријан Зутил (Форс Индија) | 42 |
| 10 | Витали Петров (Лотус Рено) | 37 |
Избор на уредникот
-
УСПЕХ:Без освоен бод до 25 милиони долари
-
ТРАНСФЕРИ:Битка за тест седиштата
-
ГРИЖИ:Не е лесно да си ФИА во 2012
-
СПОРЕДБА:Пирели дополнително ги омекнува стратегиите
- ФИА стана дел од ИОК
ГН Австралија (2012)
| Петок | |
| 02:30 - 04:00 | |
| 06:30 - 08:00 | |
| Сабота | |
| 04:00 - 05:00 | |
| 07:00 | |
| Недела | |
| 08:00 |









Хеики Ковалаинен смета дека со новиот болид ќе се доближат до екипите кои во минатата сезона им беа на дистанца од една секунда по круг, најмногу поради употребата на КЕРС уредот.




