|
ПОДГОТОВКИ:
Алонсо и Маса тренираат на Канарските острови |
|
|
|
| Петок, 27 Јануари 2012 13:15 |
|
Според кусата вест, тој контакт се случил за време на битниот состанок со инженерите за формирање на позицијата за седење во првиот модел што бил склопен под покривот на Џестионе Спортива во Маранело. Возачите биле избрифирани за последните технички надградби и плановите за развој на болидот. Промоцијата е закажана за 3 февруари, неколку дена пред почетокот на тестирањата во Херез, но се очекува дека тие ќе имаат можност за неколку инсталациски кругови на патеката во Фјорано. Необично за Ферари, соопштението за медиумите содржи и информација дека последните седум дена од зимската пауза, Алонсо и Маса ќе ја поминат на Канарските острови во тренинг камп заедно со возачите од младинската школа, Жул Бјанки и Давид Ригон. Иронично, досегашната сопруга на Алонсо, од која тој се раздели во декември, потекнува од овие острови. На почетокот од месецот, за време на медиумскиот настан WROOOM во Мадона ди Кампиљо, Алонсо остро ја критикуваше политиката за мал број на тестирања. - Симулаторот е важен инструмент, но повеќе од се тој е начин како да се испитаат некои механизми. Колку некоја нова компонента може да испорача во смисла на перформанси е прашање кое останува и по пробите во симулаторот. Формула 1 е еден од спортовите во кои тренингот е забранет. Замислете да му речете на некој фудбалер или тенисер да не прави ништо помеѓу мечевите или два месеца пред некој голем турнир. Возењето картинг помага бидејќи чувството е како да се вози едносед, но тоа е како да му речете на Лео Меси да тренира со мало тениско топче наместо фудбалска топка, или на Рафаел Надал дека треба да игра со палка за пинг понг. Возиме картинг бидејќи немаме алтернатива,- изјави двократниот светски првак на тогашната прес конференција. На крајот од минатата година, пак, на 17 декември беше пуштена во употреба нова вежбална за вработените во Ферари, кои заедно со возачите добиваат стриктен кондиционен режим согласно работната функција што ја извршуваат. Претходно, медиумските шпекулации гласеа дека за потребите на Михаел Шумахер некогашната канцеларија на Енцо Ферари била претворена во фитнес сала, додека мебелот на Енцо завршил во музеј. Сега во Маранело има комплетно нов објект кој е опремен со 22 фитнес машини од Техноџим, а е изграден од компанијата Енерџи Ресурсес, која е лидер во изградба на еколошки одржливи конструкции, па ова е прва зграда на Ферари која има нула емисии во животната средина. |
Последни објавени вести
Најчитани статии - Ф1
-
ТЕСТИРАЊА:Егзибиции на Мерцедес
-
СПОРЕДБА:Што може да се прочита од резултатите во Херез?
-
ПЕРФОРМАНСИ:Тајната за успехот на Ред Бул е Рено
-
ТЕСТИРАЊЕ:Првите почести за повратникот Раиконен
-
ТЕСТИРАЊЕ:Алонсо го затвори Херез
| 01 | Себастијан Фетел (Ред Бул) |
392 |
| 02 | Џенсон Батон (Мекларен) | 270 |
| 03 | Марк Вебер (Ред Бул) |
258 |
| 04 | Фернандо Алонсо (Ферари) | 257 |
| 05 | Луис Хамилтон (Мекларен) |
227 |
| 06 | Фелипе Маса (Ферари) | 118 |
| 07 | Нико Розберг (Мерцедес ГП) | 89 |
| 08 | Михаел Шумахер (Мерцедес ГП) | 76 |
| 09 | Адријан Зутил (Форс Индија) | 42 |
| 10 | Витали Петров (Лотус Рено) | 37 |
Избор на уредникот
-
УСПЕХ:Без освоен бод до 25 милиони долари
-
ТРАНСФЕРИ:Битка за тест седиштата
-
ГРИЖИ:Не е лесно да си ФИА во 2012
-
СПОРЕДБА:Пирели дополнително ги омекнува стратегиите
- ФИА стана дел од ИОК
ГН Австралија (2012)
| Петок | |
| 02:30 - 04:00 | |
| 06:30 - 08:00 | |
| Сабота | |
| 04:00 - 05:00 | |
| 07:00 | |
| Недела | |
| 08:00 |









Ферари преку соопштение за медиумите објави дека нивните пилоти за 2012 година, Фернандо Алонсо и Фелипе Маса, веќе го имале првиот физички контакт со болидот, кој според медиумските шпекулации би требало да се вика Ф12.




