|
РАЗВРСКА:
Зутил проба да се извини |
|
|
|
| Вторник, 31 Јануари 2012 19:51 |
Адријан Зутил денес пред Германскиот суд проба да му се извини на Ерик Лукс за инцидентот кој се случи минатата година во ноќен клуб во Шангај. Возачот доколку биде прогласен за виновен може да заработи суспензија од времетрање од една година за нападот на ко-сопственикот на Лотус. Поради тоа Германецот денес пред судот во Минхен се извини на Лукс, наведувајќи дека и претходно пробувал да стапи во контакт меѓутоа не успеал. - Пробав да направам се што е во моја моќ за да го решам овој конфликт. Навистина ми е многу жал. Не сакав ова да се случи, - го цитираше Ројтерс Зутил. Покрај ова судијата за време од првиот ден од судењето прочита и писмо напишано од страна на Германецот, каде што ја нуди својата поддршка на добротворниот проект на Лукс за помош на Африка. Сепак Лукс изјави дека ќе го чека пилотот да дојди во Луксембург и таму лично да му се извини, бидејќи за него еден телефонски повик не е доволен. |









Адријан Зутил денес пред Германскиот суд проба да му се извини на Ерик Лукс за инцидентот кој се случи минатата година во ноќен клуб во Шангај. 
