|
ПРОМОЦИЈА:
Мекларен го претстави „МП4-27“ |
|
|
|
| Среда, 01 Февруари 2012 21:39 |
Тимот на Мекларен Мерцедес го лансираше својот болид под името „МП4-27“.Болидот е еволуција од претходната година со кој тимот на Мекларен дојде до 6 победи, а оваа година секако се надеваат дека конечно ке се доближат до тимот на Ред Бул. Болидот оваа година е со понизок преден дел и е различен од решението кое го видовме на болидот на Кeтерхем кој прв ја отвори серијата на промоции за новата сезона. Луис Хамилтон призна дека целта на дизјанот на болидот е да се компензира од забраната на издувниот дифузер. - Ќе биде многу потешко да се вози. Но како што ќе се доближуваме до почетокот на сезоната, сигурен сум дека ќе откриеме од каде ќе доаѓа надолната сила. – изјави Хамилтон. Тимскиот шеф Мартин Витмарш изјави дека сеуште не е сигурен за перформансите на болидот, но клучот во целата работа го гледа во подобра пред сезона, за разлика од минатата година. - Нема да знаеме што како ќе биде се до Австралија. Низ тренинг сесиите и програмите за тестирање кои ќе ги имаме ќе направиме напредок во многу полиња. Имавме лош тест период према стандардите на Мекларен, но со фантастичниот напор кој тимот го вложи успеавме во Австралија да бидеме компетитивни, со што изненадивме многу луѓе. Тоа беше стресен процес и многу би бил посреќен да не се соочиме со истите проблеми повторно, бидејќи вложивме многу во овој болид со цел да ги немаме истите пречки,- заврши Витмарш. За прв пат, новиот болид ќе биде возен од страна на Оливер Турвеј, за време на оние специјални тестови каде што болидот вози по права линија пред да дебитира во вторник на првите предсезонски тестирања во Херез со Џенсон Батон зад воланот во првите два дена, а потоа му ја предава функцијата на Луис Хамилтон. ![]() |









Тимот на Мекларен Мерцедес го лансираше својот болид под името „МП4-27“.

