Ф1 Алманах Формула1 Актуелно Ред Бул најбрз, ама Алонсо шампион
ПРЕДВИДУВАЊЕ:
Ред Бул најбрз, ама Алонсо шампион
PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од 5)
Среда, 01 Февруари 2012 23:34
Bookmark and Share

briatore_ferari_600Поранешниот тимски шеф на Рено, Флавио Бриаторе, во интервју за италијанското државно радио РАИ, изјави дека очекува промена на врвот од табелата на крајот од 2012 година.

Бриаторе беше разрешен по скандалот во Сингапур 2008 година, но иако доби ослободителна судска пресуда, се уште е надвор од Формула 1, иако ги задржа клиентите меѓу возачите како Фернандо Алонсо и Марк Вебер. Оттука, се претпоставува дека тој има добар инсајдерски поглед на нештата кои се случуваат далеку од очите на јавноста, па согласно тоа може да понуди и релевантни предвидувања.

- Ред Бул имаа голема предност и работеа мошне тивно последниве месеци. Можам да го видам Ферари како се доближува на две три десетинки, а ако тоа се случи, тогаш Фернандо и Ферари ќе бидат шампиони,- заклучува Бриаторе.

Воедно, тој побара од Ферари да има подобар втор возач, кој ќе му помага на Шпанецот во остварувањето на шампионските амбиции.

- Ланската сезона беше разочарувачка, но Маса се врати во трките по неговата несреќа, а претходно беше добар. Вториот возач мора да биде во хармонија со Алонсо. Титулата се освојува од еден возач и тимот мора да се сконцентрира на тоа,- ја објаснува Флавио својата логика.

Се претпоставува дека Бриаторе може да се реактивира во 2013 година, кога истекува периодот што тој самиот си го зацрта како отсуство од циркусот, по „помирувањето“ со ФИА околу наводното намерно предизвикување инцидент за време на ГН Сингапур 2008 од страна на Нелсињо Пике.
 

ГН Монако (23-27 мај)

Четврток


Тренинг 1
10:00 - 11:30
Тренинг 2
14:00 - 15:30
Сабота
Тренинг 3
11:00 - 12:00
Квалификации 14:00
Недела
Трка 14:00
1.  Австралија 16-18 мар
2.  Малезија 23-25 мар
3.  Кина 13-15 апр
4.  Бахраин 20-22 апр
5.  Шпанија 11-13 мај
6.  Монако 24-27 мај
7.  Канада 08-10 јун
8.  Европа 22-24 јун
9.  Британија 06-08 јул
10.  Германија 20-22 јул
11.  Унгарија 27-29 јул
12.  Белгија 31-02 сеп
13.  Италија 07-09 сеп
14.  Сингапур 21-23 сеп
15.  Јапонија 05-07 окт
16.  Кореја 12-14 окт
17.  Индија 26-28 окт
18.  Абу Даби 02-04 ное
19.  САД 16-18 ное
20.  Бразил 23-25 ное
01. Себастијан Фетел 61
02. Фернандо Алонсо 61
03. Луис Хамилтон 53
04. Кими Раиконен 49
05. Марк Вебер 48
06. Џенсон Батон 45
07. Нико Розберг 41
08. Роман Грожан 35
09. Пастор Малдонадо 29
10. Серхио Перез 22
11. Камуи Кобајаши 19
12. Пол ди Реста 15
13. Бруно Сена 14
14. Жан Ерик Верње
4
15. Нико Хулкенберг
3
16. Даниел Рикиардо
2
17. Фелипе Маса
2
18. Михаел Шумахер
2
19. Тимо Глок
0
20. Шарл Пик
0
21. Виталиј Петров
0
22. Хеики Ковалаинен
0
23. Педро де ла Роса 0
24. Нарајан Картикијан
0
01. Ред Бул
109
02. Мекларен Мерцедес
98
03. Лотус Рено
84
04. Ферари
63
05. Мерцедес АМГ
43
06. Вилијамс Рено 43
07. Заубер Ферари 41
08. Сахара Форс Индија
18
09. Скудерија Торо Росо 6
10. Марусија Ф1 0
11. ХРТ Ф1 0
12. Кетерхем Ф1 0
Campaign

Анкета

Дали е ова последна сезона за Фелипе Маса?