|
ПРОМОЦИЈА:
Ферари го претстави „Ф2012“ |
|
|
|
| Петок, 03 Февруари 2012 19:47 |
Тимот на Ферари го лансираше својот нов предизвикувач за новата сезона преку онлајн презентација од својата база во Маранело.
Болидот на Ферари ќе го носи името Ф2012 и е комплетно различен од својот претходник. Најприметливо секако останува снижениот преден дел поради налагањето на правилата, поизострени странични делови со цел да има подобар проток на воздухот и двојни отвори за воздух на покривецот на моторот, слични како на оние на Мекларен од 2011-та. Со забраната на издувните дифузери Ферари се надева дека конечно ќе биде компетитивен и ќе ги предизвика ривалите во борбата за титулата. Иако највпечатливо на новиот болид е изгледот, според Стефано Доменикали, тоа воопшто не е важно бидјеќи новиот болид во поглед на дизајнот е најагресивниот до сега. - Побарав промена во пристапот на дизајнирање и од она што можеме да го видиме е секако заклучокот дека е доста различен. Различен е и од механичка и од аеродинамичка природа. Со ова сигурен сум дека веќе е нешто постигнато , но најсреќен ќе бидам кога ќе видам дека болидот е повторно компетитивен,- заврши Доменикали.
|









Тимот на Ферари го лансираше својот нов предизвикувач за новата сезона преку онлајн презентација од својата база во Маранело.

