|
ПРИСТАП:
Ф2012 е продукт на нов начин на работа во Ферари |
|
|
|
| Петок, 03 Февруари 2012 20:34 |
Главниот дијзанер на Ферари, Николас Томбазис изјави дека новата работна филозофија во Ферари и агресивната потрага кон аеродинамичките перформанси резултирале со „Ф2012“.
- На почетокот на дизајнерската фаза, одлучивме да си поставиме многу поагресивни цели и секако да закрепнеме од аеродиманичките загуби кои ги имавме во споредба со нашите ривали, со што моравме да работиме многу напорно за да надокнадиме. Очигледно беше дека во претходните години разочаравме со нашите резултати и поради тоа одлучивме да анализираме и да комплетно да ја промениме филозофијата со која и пристапивме на овој проект. Со завршувањето на анализата сфативме дека во одредени области бевме премногу конзервативни и решивме да бидеме многу поагресивни во овој проект. Мислам дека резултатот ќе го видите кога ќе го погледнете болидот и секако се надевам дека тоа ќе биде видливо на патеката. Последен болид кој имал пул-род предна суспензија на предните тркала бил оној на Минарди во 2001 година, а сега Ферари се надева дека ќе го редефинира поредокот со оваа иновација.Николас Томбазис, објасни дека предното крило е еволуција на ланското, кое тогаш било воведено само за да се добијат повратни информации од него. Според него, тие добиле и повеќе од очекуваното, што поттикнало натамошен развој на тоа поле. - Носот на болидот има недобитна форма, но тоа е резултат на правилата кои бараат тој да биде низок, додека желбата на динамиката е шасијата да биде повисоко. Иако тоа не е естетски задоволувачко, веруваме дека е најефикасната аеродинамичка солуција за овој дел од болидот,- рече Томбазис. Болидот Ф2012 има поинаква филозофија на страниците, а задниот дел на болидот е исто така потесен, што го прави покомплицирано и пакувањето на менувачот. Пул-род суспензијата е присутна и назад, со што Ферари директно се спротивставува на концептите кои се прифатени од другите екипи кои го следат трендот започнат од Ред Бул пред три години. - Ова возило ќе се промени во многу детали до првата трка. Работиме во воздушниот тунел и во одделението за дизајн, за нови надградби во аеродинамиката. Но, најпрвин мора да спроведеме неколку многу важни експерименти на првите тестирања, за да ја финализираме конфигурацијата за првата трка,- посочи ТомбазисНа крај тој рече дека покрај гласините дека болидот воопшто не изгледа убаво од естетска точка, Томбазис е само заинтересиран за резултатите од него. - Постојат гласини дека болидот не изгледа убаво. Не го делам истото мислење со останатите. Се навикнав на снижениот пред дел, и мислам дека останатото од болидот е плод на одлична работа до најситен детал. На крај ме загрижува фактот дека болидите кои лошо изгледаат не победуваат , додека убавите болиди го прават тоа, па верувам дека е прекрасен болид и дека ќе имаме што да ревидираме по неколку извозени трки,- заврши Томбазис. |









Главниот дијзанер на Ферари, Николас Томбазис изјави дека новата работна филозофија во Ферари и агресивната потрага кон аеродинамичките перформанси резултирале со „Ф2012“.

