|
ПЕРФОРМАНСИ:
Тајната за успехот на Ред Бул е Рено |
|
|
|
| Петок, 10 Февруари 2012 20:49 |
|
Австрискиот тим доминира на патеката последниве неколку години без разлика што дел од останатите тимови користат агрегати на Мерцедес кои се всушност и помоќни за разлика од тие на Рено. Сепак според Жан-Францис Кобе агрегатот на Рено има и свои предности спрема своите конкуренти. - Нашиот мотор е подобар во поглед на економичноста и способноста да управува со него. Без разлика што агрегатот на Мерцедес има 15 коњски сили повеќе од тој на Рено, на крај можеме да кажеме дека сепак нашиот е малку подобар од нивниот, - изјави Кобе за германскиот Спорт Билд. Според Кобе економичноста на агрегато е многу важна особено откако беа променети правила за надополнување на горивото за време на трката. - Бидејќи потрошувачката е намалена, Ред Бул може да ја стартува трката со 15 до 18 литри помалку гориво од останатите. Тоа прави навистина голема разлика, - додаде Кобе. Покрај ова тој се осврна и на начинот на возење на Себастијан Фетел. Германецот го искористува ефикасно горивото и е заинтересиран за сите податоци и резултати што пристигнуваат. Според Кобе тоа се двата клучни елементи за еден агрегат да функционира совршено. |









Според Рено, нивниот агрегат е причината зошто Ред Бул имаат неверојатен успех во Формула 1.
