Ф1 Алманах Формула1 Актуелно Што може да се прочита од резултатите во Херез?
СПОРЕДБА:
Што може да се прочита од резултатите во Херез?
PDF Печати Е-пошта
(3 гласови, просечно 5.00 од 5)
Недела, 12 Февруари 2012 00:05
Bookmark and Share

alonso_nakoso_600_herez_2012Дел од британските медиуми кои го следеа првиот овогодишен тест на Ф1 болидите во Шпанија, објавија детали околу користените пневматици и конзистентноста во времињата постигнати на последниот ден.

Новинарот на радиото Би-Би-Си, воедно поранешен ТВ-коментатор, Џејмс Ален, на својот сајт напиша дека времето на Алонсо од 1:18.9 било поставено со меки гуми, во првиот од шесте круга што Шпанецот ги извозел во таа прилика. Според него, со истите гуми Фетел постигнал резултат од 1.19.7 во седум круга, додека Хамилтон најдоброто време од 1:19.9 го поставил во првиот од деветте кругови со тие пневматици. Според импресиите на овој новинар, можно е Ферари да користел помалку гориво во резервоарот, поради што се појавува голема разлика во резултатите.

Споредбата на времињата со медиум смесата за гуми, укажува на поголема разлика меѓу Ред Бул и Мекларен, додека Ферари поради проблемите од техничка природа не успеал да постави свој репер. Имено, најдоброто време на Фетел од 1:19.6 било постигнато во првиот круг со гуми кои претходно биле користени, по што следела конзистентна серија на времиња од 1:21.5 до 1:21.7 за еден круг. Иако и Хамилтон користел претходно употребувани медиум гуми, неговите најдобри времиња се од 1:21.7 до 1.22.1 во првите осум круга, по што следат уште пет со времиња послаби за цела секунда. Со исклучок на едниот феноменален круг на Фетел, во остатокот на резултатите Мекларен задоцнува зад Ред Бул меѓу две и четири десетинки. Неофицијално, Хамилтон имал и второ слично излегување, во кое возел најбрз круг од 1:19.866, а потоа времиња од 1:20.9 до 1:21.9, по што имало црвено знаме за излетување на Кобајаши, но ова не е официјално потврдено.

Наспроти отсуството на Ферари од оваа анализа, Лотус Рено е вклучен во неа, бидејќи во попладневните часови на последниот ден пилотот Роман Грожан употребил користени медиум гуми и тогаш возел од 1:23.2 до 1:23.6 во првите шест круга, а потоа слични како Хамилтон почнал да ниже резултати со повеќе од една секунда разлика. Со тоа на некој начин е смирена еуфоријата околу времињата на Лотус, а дополнително други медиуми објавија дека оваа екипа еден ден пред тестирањата имала приватно снимање на патеката и можност да почне со штелување на болидот нешто порано од другите. Според првите импресии, борбата во средината можеби ќе биде предводена од Лотус, но сите други ќе бидат мошне блиску.

 

ГН Монако (23-27 мај)

Четврток


Тренинг 1
10:00 - 11:30
Тренинг 2
14:00 - 15:30
Сабота
Тренинг 3
11:00 - 12:00
Квалификации 14:00
Недела
Трка 14:00
1.  Австралија 16-18 мар
2.  Малезија 23-25 мар
3.  Кина 13-15 апр
4.  Бахраин 20-22 апр
5.  Шпанија 11-13 мај
6.  Монако 24-27 мај
7.  Канада 08-10 јун
8.  Европа 22-24 јун
9.  Британија 06-08 јул
10.  Германија 20-22 јул
11.  Унгарија 27-29 јул
12.  Белгија 31-02 сеп
13.  Италија 07-09 сеп
14.  Сингапур 21-23 сеп
15.  Јапонија 05-07 окт
16.  Кореја 12-14 окт
17.  Индија 26-28 окт
18.  Абу Даби 02-04 ное
19.  САД 16-18 ное
20.  Бразил 23-25 ное
01. Себастијан Фетел 61
02. Фернандо Алонсо 61
03. Луис Хамилтон 53
04. Кими Раиконен 49
05. Марк Вебер 48
06. Џенсон Батон 45
07. Нико Розберг 41
08. Роман Грожан 35
09. Пастор Малдонадо 29
10. Серхио Перез 22
11. Камуи Кобајаши 19
12. Пол ди Реста 15
13. Бруно Сена 14
14. Жан Ерик Верње
4
15. Нико Хулкенберг
3
16. Даниел Рикиардо
2
17. Фелипе Маса
2
18. Михаел Шумахер
2
19. Тимо Глок
0
20. Шарл Пик
0
21. Виталиј Петров
0
22. Хеики Ковалаинен
0
23. Педро де ла Роса 0
24. Нарајан Картикијан
0
01. Ред Бул
109
02. Мекларен Мерцедес
98
03. Лотус Рено
84
04. Ферари
63
05. Мерцедес АМГ
43
06. Вилијамс Рено 43
07. Заубер Ферари 41
08. Сахара Форс Индија
18
09. Скудерија Торо Росо 6
10. Марусија Ф1 0
11. ХРТ Ф1 0
12. Кетерхем Ф1 0
Campaign

Анкета

Дали е ова последна сезона за Фелипе Маса?