|
ТРАНСФЕР:
Виталиј Петров потпиша со Кeтерхем |
|
|
|
| Петок, 17 Февруари 2012 22:00 |
|
Петров остана без седиште, откако Лотус Рено за 2012 ги ангажираше Кими Раиконен и Роман Грожан. Од тогаш, започнаа шпекулациите околу неговиот иден ангажман, но очигледно поради проблемите со спонзорите тоа траеше подолго од предвиденото. Екипата Кетерхем на Тони Фернандез беше посочувана како можно прибежиште за првиот руски возач во Формула 1, но очигледно местото на Трули не беше толку лесно да се освои без силни финансиски „аргументи“, па на еден месец пред почетокот на сезоната, Петров конечно се избори да биде именуван како колега на Хеики Ковалаинен. - Ова е возбудлив ден за мене. Сакам да му се заблагодарам на Тони, Камарудин Меранун и неговата групација што ми дадоа шасна да се приклучам на екипата која дебитираше во Ф1 во исто време кога дебитирав јас. Духот на Тони и целиот тим го придвижи овој тим напред и чест ми е што ќе можам да им помогнам во остварувањето на уште поголеми цели. Напорно тренирав цела зима и подготвен сум да се вратам во болидот и да работам. Како што видов преходно, болидот е уште еден чекор напред од 2011-та и едвај чекам да дојде тестот во Барселона.- изјави Петров. Добредојде во екипата на рускиот пилот му посака основачот Тони Фернандес. - Сите сме задоволни што Витали е во нашиот тим и возбудени од неговата улога со која ке ни помогне да ги направиме новите чекори во новата сезона. Кога се сретнавме за прв пат, јасно беше дека Витали ја разбира и ја дели нашата визија за тоа каков тим сме и каков сакаме да станеме. – изјави тимскиот шеф на Кетерхем. Тој воедно му се заблагодари на Јарно Трули за досегашната работа во тимот, потенцирајки дека секогаш ке биде дел од него. Трули трбеаше да го отвори тестирањето на „зелените“ во Херез минатата седмица, но тогаш му беше дадена шанса да новоангажираниот тест возач Гиедо ван дер Гарде, па Италијанецот не успеа ниту да се запознае со болидот. Со заминувањето на Трули, во Формула 1 нема ниту еден италијански пилот. |









Изненадувачки, но вистинито, Витали Петров ќе го замени Јарно Трули во тимот на Кeтерхeм за новата сезона.
