|
ПРОМОЦИЈА:
Мерцедес АМГ го претстави „W03“ |
|
|
|
| Вторник, 21 Февруари 2012 11:04 |
|
Соопштено е дека возилото ги минало задолжителните тестови на ФИА уште во првата седмица на јануари, што оди во прилог на верувањето на конкурентите дека Мерцедес подготвува сензација, иако од таборот на екипата тоа го негираат. Болидот прв пат бил тестиран минатата недела на Силверстоун каде што биле извозени максималните 100 километри дозволени за таканаречените рекламни снимања, но бидејќи екипата во Херез тестираше само три од дозволените четири дена, сега имала можност пред промоцијата да направи приватен тест во Барселона, каде што возачите извозеле заедно 354 километри. Според соопштението на екипата, согласно со правилата, на болидот има две заначајни промени: спуштениот нос на болидот и позицијата на издувните цевки. Мерцедес тврди дека со работа на новата конструкција почнале во мај 2011 година, па заедно со засилувањата во техничкиот оддел (поранешниот технички директор на Ферари, Алдо Коста, им се приклучи како Шеф на одделот за дизајн во декември – з.а.), сега го продуцирале првиот заеднички болид во новата постава. Ланскиот болид бил составен од 4.300 делови, а овој има двесте повеќе, но според уверувањата од тимот, подобро е спакуван и ќе биде поефикасен, воедно постигнувајќи пониска тежина од претходниот. - Верувам и се надевам дека W03 е возило на кое нашиот тим ќе биде горд, бидејќи ќе ни донесе резултати на патеката за кои сите напорно работеа за да се случат. И покрај дистинктивниот дизајн на носот, кој е секако за сладокусци, болидот претставува елегантна интерпретација на сегашните правила, а воедно прави јасен чекор напред во однос на својот претходник во смисла на дизајнот на деталите и софистицираноста. Лани произведовме похрабар болид, а неговите радикални елементи не секогаш ги испорачуваа резултатите на кои се надевавме, па стекнавме непроценлива искуство за дизајнот на возилото за оваа сезона. Болидот W03 е поинтегриран пакет, кој ги рефлектира нашите се секогаш силни врски меѓу Брекли и Бриксворт, а воедно демонстрира дека нашиот тим на „сребрени стрели“ го прави следниот чекор напред во смисла на перформанси на патеката,- вели Рос Браун во тимското соопштение.
Заедно со болидот, на патеката Каталуња пред новинарите беше претставен и Мерцедес Бенз СЛ63 АМГ. Роудстерот кој има 537 коњски сили сега може да се пофали со намалена потрошувачка за 30%, како и заштеда од 125 килограми во тежината. |









Мерцедес како последен од „големите играчи“ во светот на Формула 1, денеска во барселона го претстави својот нов болид со кој Нико Розберг и Михаел Шумахер ќе се натпреваруваат во 2012 година.

