|
ТЕСТИРАЊЕ:
Фетел го диктира темпото |
|
|
|
| Вторник, 21 Февруари 2012 20:10 |
|
Она што останува да се наведе е фактот дека Фетел беше најбрз на најтврдата смеса на гуми, што значи дека уште многу може да очекуваме од болидот на Ред Бул. Нико Хулкенберг беше втор со времето кое го постави во утринската сесија додека, на третото и четвртото место се најдоа Луис Хамилтон, односно Даниеле Риќиардо. Денот беше продуктивен за Луис Хамилтон чии обиколки на потеката го надминаа бројот од 100 круга, што не беше случај минаттата година. Фернандо Алонсо беше петти најбрз со 75 извозени круга. За прв пат пред јавноста Михаел Шумахер го презентираше новиот болид на Мерцедес поставувајќи го шестото време. Серхио Перез беше седми, пред Бруно Сена кој беше осми возејќи 97 кругови демонстрирајќи ја стабилноста на новиот болид на Вилијамс. Хеики Ковалаинен кој се соочи со проблеми со суспензијата за време на утринската сесија возеше само 40 минути во попладневната сесија со што беше доволно да комплетира 31 круг и да го постави осмото најдобро време. Со проблем се соочи болидот на Лотус кој го напушти тестирањето во утринската сесија поради проблеми со шасијата на болидот на Лотус Рено по само седум извозени круга. Поради тоа што била користена истата шасија од Херез, истата била доста проблематична со новите надградби на болидот , а тестирањето ќе го продолжат утре со новата модифицирана шасија која ќе биде вечерва донесена за тимот. Од тимот на Лотус најавија дека тестирањето ќе го продолжат утре. Последен на табелата остана Чарл Пик кој со болидот на Марусија Вирџин од минатата година успеа да извози 121 круг. Тестирањето продолжува утре. |









На првиот ден од тестирањата во Барселона, Себастијан Фетел беше тој кој го постави темпото за останатите болиди.
