|
ТРИБЈУТ:
Песна за Луис Хамилтон |
|
|
|
| Четврток, 23 Февруари 2012 01:25 |
Во минатото имаше пример во кој еден српски турбо-фолк исполнител направи песна во која зборуваше дека сака да биде Шумахер, барем на еден ден, но од Хрватска стигна контра удар со несогледиви последици :) На 21.02.2012 година, или пред помалку од два дена пред објавувањето на оваа вест, на сервисот YouTube поднесена е песна која што претставува пофалба, таканаречен „трибјут“, од неговите фанови од Хрватска. Во кусиот опис на видеото се вели дека автори на песната се Начо и Иван Брблиќ. Корисничкиот профил од кој што е поднесена песната упатува на тоа дека станува збор за навивачи на Црвена Звезда од Загреб, AvantiStellaRossaZG, а ова е нивно прво видео на сервисот. За потсетување, ова е песната што претходно беше инспирирана од Михаел Шумахер. |










