Ф1 Алманах Формула1 ГП Викенди Фетел се изедначи со Менсел
КВАЛИФИКАЦИИ:
Фетел се изедначи со Менсел
PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од 5)
Сабота, 12 Ноември 2011 18:08
Bookmark and Share

fetel_rakopozdrav_kvalifikacii_600_abu_dhabi_2011Себастијан Фетел го изедначи рекордот на Најџел Менсел од 1992 година освојувајќи ја својата 14 пол позиција оваа година, иако во случајот на англискиот пилот тој беше постигнат во сезона од 16 трки, додека ова е 18 настан оваа година.

На денешните квалификации во Абу Даби, Фетел задоцнуваше во првите две сесии зад Луис Хамилтон од Мекларен Мерцедес, но пилотот на англискиот тим во последниот обид имаше побавно време отколку што претходно возеше во втората сесија, додека Фетел се подобри и успеа да биде повторно најдобар со време од 1:38.481 во најдобриот круг. Хамилтон де факто го има најдоброто време на денот бидејќи извозе пет стотинки побрзо во втората сесија, но на крајот мораше да се задоволи со второто место и речиси идентичен резултат со тимскиот колега Батон на третото место, бидејќи обајцата беа меѓу една и две десетинки побавни на крајот од квалификациите. Вебер го комплетираше вториот ред потврдувајќи дека утрешната трка ќе биде двобој меѓу Ред Бул и Мекларен, додека Алонсо на петтото место беше шест десетинки побавен од времето на Фетел, а неговиот тимски колега Маса уште дополнителни шест, но сепак е до него во третиот ред. Двојката на Мерцедес, Розберг и Шумахер е во четвртиот ред, додека Зутил и Пол ди Реста ја потврдија Форс Индија како петта екипа во моментов.

Во средината на колоната сите возачи од 11 до 17 место се во интервал помал од една секунда, но задоцнуваат од две до три секунди во однос на првопласираните. Меѓу нив се возачите на Заубер, Рено и Торо Росо, засилени со Малдонадо од Вилијамс, додека на опашката се пилотите на Лотус, Вирџин и Хиспанија, наспроти Рубенс Баричело кој поради проблеми со моторот не извозе ниеден круг и ќе стартува од последното место.

Трката стартува во 14 часот по средноевропско време, односно на зајдисонце во Абу Даби (17 часот по локално време).

 

 

ГН Монако (23-27 мај)

Четврток


Тренинг 1
10:00 - 11:30
Тренинг 2
14:00 - 15:30
Сабота
Тренинг 3
11:00 - 12:00
Квалификации 14:00
Недела
Трка 14:00
1.  Австралија 16-18 мар
2.  Малезија 23-25 мар
3.  Кина 13-15 апр
4.  Бахраин 20-22 апр
5.  Шпанија 11-13 мај
6.  Монако 24-27 мај
7.  Канада 08-10 јун
8.  Европа 22-24 јун
9.  Британија 06-08 јул
10.  Германија 20-22 јул
11.  Унгарија 27-29 јул
12.  Белгија 31-02 сеп
13.  Италија 07-09 сеп
14.  Сингапур 21-23 сеп
15.  Јапонија 05-07 окт
16.  Кореја 12-14 окт
17.  Индија 26-28 окт
18.  Абу Даби 02-04 ное
19.  САД 16-18 ное
20.  Бразил 23-25 ное
01. Себастијан Фетел 61
02. Фернандо Алонсо 61
03. Луис Хамилтон 53
04. Кими Раиконен 49
05. Марк Вебер 48
06. Џенсон Батон 45
07. Нико Розберг 41
08. Роман Грожан 35
09. Пастор Малдонадо 29
10. Серхио Перез 22
11. Камуи Кобајаши 19
12. Пол ди Реста 15
13. Бруно Сена 14
14. Жан Ерик Верње
4
15. Нико Хулкенберг
3
16. Даниел Рикиардо
2
17. Фелипе Маса
2
18. Михаел Шумахер
2
19. Тимо Глок
0
20. Шарл Пик
0
21. Виталиј Петров
0
22. Хеики Ковалаинен
0
23. Педро де ла Роса 0
24. Нарајан Картикијан
0
01. Ред Бул
109
02. Мекларен Мерцедес
98
03. Лотус Рено
84
04. Ферари
63
05. Мерцедес АМГ
43
06. Вилијамс Рено 43
07. Заубер Ферари 41
08. Сахара Форс Индија
18
09. Скудерија Торо Росо 6
10. Марусија Ф1 0
11. ХРТ Ф1 0
12. Кетерхем Ф1 0
Campaign

Анкета

Дали е ова последна сезона за Фелипе Маса?