|
РЕЗУЛТАТИ:
Вебер ја спушти завесата |
|
|
|
| Недела, 27 Ноември 2011 19:35 |
|
Иако со технички проблеми, Фетел успеа да ја одржи предноста во однос на Алонсо, кој беше зад него се до последниот стоп, а откако ги монтираше медиум гумите за последниот стинт, ја загуби својата конкурентност и беше престигнат од Батон. На тој начин англискиот пилот си го обезбеди второто место во генералниот пласман, пред Вебер и Алонсо. Фелипе Маса е петти, откако имплементираше стратегија со еден пит стоп помалку, а неговиот противник Луис Хамилтон се откажа од трката во ек на нивниот дуел, поради проблеми со менувачот. Меѓу другите кои задоцнива по еден или повеќе кругови, најголем успех направи Зутил престигнувајќи го во директен дуел Нико Розберг за да стигне како шести, а успехот на Форс Индија беше надополнет со осмото место на Пол ди Реста. Камуи Кобајаши со пласманот на деветтото место му овозможи на Заубер да остане седми кај конструкторите, пред Торо Росо и Вилијамс. Последниот бод оди на сметка на Витали Петров, иако неговиот тимски колега Бруно Сена имаше одличен старт на домашното гран при, но поради мал судир со Шумахер ја загуби конкурентноста. Со ова е спуштена завесата на сезоната 2011, а новата ќе стартува идниот март во Австралија. Дефинитивниот календар се очекува да биде усвоен на 7 декември на седницата на Светскиот совет за моторспорт. |









Марк Вебер победи на трката за Големата награда на Бразил, откако неговиот тимски колега Себастијан Фетел по налог на тимот мораше да забави поради дијагностицирани проблеми со менувачот.
