Ф1 Алманах Формула1 Интервјуа Спречувам Себ да се префорсира
ТОМИ ПАРМАКОСКИ:
Спречувам Себ да се префорсира
PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од 5)
Четврток, 03 Март 2011 22:14
Bookmark and Share

tomiparmakovski_vettel_600Новиот светски првак Себастијан Фетел има сопствен рецепт за успех. Тој е еден од ретките возачи кои немаат свој менаџер, а дури во средината на оваа сезона ангажираше свој портпарол.

Но, веќе неколку години има свој личен фитнес тренер!

Томи Пармакоски е човекот кој што е комплетно одговорен за психофизичките подготовки на новиот светски првак во Формула 1, Себастијан Фетел. Иако вниманието на јавноста во овој момент е насочено кон неговиот клиент, Томи има сопствена интересна приказна, која повторно е комплетно испреплетена со неговиот славен клиент, но и пријател, бидејќи заедно поминуваат повеќе време отколку со своите семејства.

Томи Пармакоски е човекот кој што е комплетно одговорен за психофизичките подготовки на новиот светски првак во Формула 1, Себастијан Фетел. Иако вниманието на јавноста во овој момент е насочено кон неговиот клиент, Томи има сопствена интересна приказна, која повторно е комплетно испреплетена со неговиот славен клиент, но и пријател, бидејќи заедно поминуваат повеќе време отколку со своите семејства.

 

Во Формула 1 имало многу Финци коишто влегле како возачи, но вие влегувате на поинаков начин, како фитнес тренер на Себастијан Фетел...

- Да, да. Освен возачите, само јас и фитнес тренерот на Хеики Ковалаинен сме Финци. Има уште еден доктор во Мекларен и којшто всушност е најзаслужен што сум јас денес тука. По моите студии имав среќа да се запознаам со него, а тој тогаш живееше во исто место со Себастијан, во Швајцарија. Токму тогаш Себастијан бараше некој со кого ќе соработува и така се случи тој да дојде во Финска да тренира, по што ме праша дали би сакал да бидам негов личен тренер. За мене тоа е сплет на околности бидејќи никогаш не сум ни сонувал дека ќе работам во Формула 1 и на места како овие. Засега ова е убаво животно искуство, можам да видам разни места, а се уште сум млад, немам семејство и деца, па во моментот ваквиот ангажман за мене е совршен.

 

Кои се вашите обврски кон Себастијан? Дали само го советувате или во исто време сте и негов масер, нутриционист?

- Моето образование е за фитнес тренер, но повеќе во насока на спортската наука. Исто така ги опфаќа и деловите за масажа, нутриционизам и психологија. Практично, тоа дава целосен пакет. Но, главната работа е физичкиот тренинг. Важни се и останатите нешта, особено менталната страна, која веројатно е најтешка за работа, но Себ е прилично силен на тоа поле, а во овој спорт е само три години и има огромен успех. Се разбира дека има грешки, но најголемиот број од работите ги прави многу добро. Кога е надвор од болидот успева да се релаксира, а кога оди да вози успева да заборави на се останато.

 

Од што се состои неговиот тренинг?

- Главни се кардио - вежбите. Ги има од различен вид, но најмногу трчање и возење велосипед, кога е можно и пливање, бидејќи е потребна извесна флексибилност, па кога има снег и крос кантри скијање. Во основа, потребна е издржливост. На пример, оваа година во Бахреин, надворешната температура беше 39 степени, а внатре во болидот значително повисока, а треба да се извози трка што трае 90 минути со голема концентрација. Во втора инстанца доаѓаат специфичните потреби коишто возењето во Формула 1 ги бара, како развивање одредени мускули кои му помагаат на возачот, вратните, горните и долните грбни мускули, и оние на колковите. Натаму, потребни се и други нешта, како чувството за координација меѓу очите и рацете, тродимензионално гледање, па мора да се вежбаат некои работи преку специјални вежби со рацете и со нозете. Себ, на пример, сака да игра бадмингтон. Проблемот во овој спорт е што возачите не смеат да добијат на тежина, но мораат да ги имаат мусклите, па затоа и тренингот е многу ригорозен.

 

Има ли некој дел од тренинзите што Себастијан го сака повеќе или помалку?

- Тој навистина е добар во се, ги сака игрите како бадмингтон, тенис, но и нема никакви проблеми бидејќи е многу мотивиран во се што е убеден дека може да го направи да биде подобар. Мојата работа всушност е не да го терам да вежба туку да го сопрам да не се префорсира. Многу е љубопитен, сака да знае се, зошто е ова добро зошто е она добро, но нема никакви проблеми откако ќе му објаснам, тогаш му станува предизвик.

 

parmakovski_vettelbolid_600Како изгледа еден ден за тренинг на Себастијан со вас?

- Вообичаено, будењето е околу 7 или 7.30 наутро, а тренингот започнува во 9 часот. Во тој период од денот се работат еден ден кардио вежбите, а еден ден тренингот за битните мускули, којшто трае од 2 до 3 часа. Следува ручекот, па одмор, но веќе во 3 часот следува нов тренинг. Попладнето се игра нешто или се работи со тегови.

 

Колку му е дозволено да води нормален живот, имајќи ги предвид напорните подготовки за трките? Му забранувате ли нешто од приватниот живот, како што многу спортисти добиваат на пример забрани за водење љубов пред настапот?

- Да, малку е комплицирано, но и тоа е дел од работата. На пример, глупаво би било да се повреди на тренинг и да не може да го даде својот максимум, па затоа избегнуваме опасни работи како што се качување на карпи, скијачки спуст, но од друга страна добро е да се имаат некои работи кои ќе го ослободат од стресот и од притисокот. Потребни се нештата коишто ќе ти ја исчистат главата, во таа смисла повеќе работи се дозволени. Искрено, јас не сакам да се мешам во неговиот интимен живот, но секогаш го кажувам моето професионално мислење.

 

Дали оваа работа бара и од вас извесни чекори за да бидете почесто со него, да го надгледувате?

- Да, навистина е така. Сега и јас живеам во Швајцарија, блиску до Себ, што е згодно поради тренинзите, кои најчесто ги имаме секој ден. Кога тој оди на пат, и јас одам со него, одиме во ист хотел, имаме ист појадок, ист ручек. Тоа значи дека минуваме многу време заедно, дека знам скоро се што се случува во неговиот живот.

 

Дали поради нутриционистичката грижа, понекогаш треба и вие да влезете в кујна и да му подготвите нешто?

- Не е баш така. Тој вообичаено се храни на исти места и обраќа посебно внимание на исхраната. Ги сака зеленчукот и салатата, но настојува да внесува и корисни јаглехидрати. Навистина го сфаќа тој дел од работата, знае дека не смее да добие во тежина, дека не смее да надмине извесно количество на калории, ниту пак дека може да оди под некое друго ниво. Во тоа е навистина добар. Во текот на гран при викендите, вообичаено јас одам во кујната на тимот и гледам што се подготвува, се грижам тоа да соодветствува на временските услови, бидејќи на некои трки како што е оваа во Абу Даби, на пример, е многу жешко, па е потебно и исхраната да биде така конципирана.

 

Од кога Формула 1 стана спорт во којшто возачите посветуваат толкаво внимание и на таквите детали како што е исхраната?

- Можам да ви кажам од она што сум го слушнал, бидејќи не сум во овој спорт толку долго, но практично Михаел Шумахер е човекот којшто ги внесе тие промени. Можете да забележите и денеска, тој има 41 година, а изгледа многу атлетски. Ова не е црна магија, има многу логика во сето ова што се прави, бидејќи во ваков свет каде што постојано си нешто зафатен, мора некој друг да се грижи за таквите детали за тој да ги добива вистинската храна, вистинскиот тренинг, па дури и изборот на пијалаци за пред и после настапите. Едноставно, се треба да биде подготвено за него и максимално безбедно.

 

Би можеле ли да издвоите некоја храна која што Себастијан не ја сака ?

- На моја среќа нема таква работа и тоа ми го прави животот полесен. Во ред е, сите ние имаме некои нешта кои повеќе ни се допаѓаат, или помалку, но генерално храната што се подготвува во Ред Бул е доста добра.

 

Екипата Ред Бул се разликува по својот пристап, не е затворен како другите, се претставува како забавна средина во која луѓето уживаат, но дали е тоа проблем на профсионално поле каде што спортистите мора да имаат дисциплиниран режим на тренинг и исхрана како да се војници?

- Мислам дека тоа не е проблем, на крајот на краиштата мора да биде забавно. Тие се сериозни луѓе, но никој не би сакал да оди на работа каде што се е крајно сериозно. Од друга страна, се минуваат околу 200 дена годишно во патување и тоа заморува ако не е забавно, ќе влијае на перформансите, па затоа го сметам за позитивно нешто.

 

 

Дали тоа што сте на слична возраст ви помага во комуникацијата, во поставувањето на работите на пријателска основа или преферирате да го задржите професионалниот однос?

- Едноставно, во оваа ситуација мора добро да се согласувате, бидејќи толку време се поминува заедно, што ако не оди комуникацијата, тогаш тоа е навистина лошо. Но јас мислам дека имам доста добри односи со Себ, убаво е да се работи со него. Пријателство? Да, мора да има малку пријателство, но сепак, тој е тука за да стане светски шампион, а јас сум тука за да му помогнам во тоа. Секако, мора да се знае кога е време за забава, а кога е време за работа, тука не смее да има попуштање. Јас немам други клиенти, Себ ми го пополнува целото работно време, тој е млад и знае што сака во животот.

 

Во текот на оваа сезона Себастијан имаше многу малери од техничка страна, коишто го ставија во подредена улога во однос на ривалите. Дали во таквите моменти се чувствувавте повикан да го советувате?

- Се разбира, што и да се случи јас сум таму со него, после трката. Не е секогаш лесно, напротив, некогаш е многу тешко, како што беше во Јужна Кореја. Но некогаш е поинаку, па кога ќе се погледне целата сезона, личи малку на ролеркостер. Се обидувам да влијаам на секаков начин за да се постигне некаков баланс, да го тешам кога му оди лошо, но и да го симнам на земја кога ќе се радува, кажувајќи му дека утре треба повторно да стане во 7 наутро и да биде во вежбалната на време. Секогаш морам да ги балансирам работите, но оваа сезона навистина беше чудна, но и добра за него, бидејќи многу созреа. Помина и низ добро и низ лошо, беше и горе и долу, и мислам дека тоа ќе биде од голема важност за иднината. Потребно е човек да мине низ такви периоди за да се изгради повеќе и да биде подобар.

 

Ме интересира вашата лична приказна, како го одбравте овој животен позив? Некои мои колеги спортски новинари велат дека не можеле да просперираат како спортисти, па се снашле со некоја таква работа за да останат блиску до она што го сакаат...

- Хехе, да и мојата приказна е иста. Кога бев мал, сакав да играм хокеј на мраз. Потоа и фудбал, а го сакав и борењето. Како што растев, хокејот ми стана главен спорт. Не бев многу лош, но играв во втората лига во Финска, на полупрофесионално ниво. Потоа заминав во САД каде што играв за мојот универзитет, каде што воедно студирав спорт. Потоа имав некои повреди, не можев да бидам доволно добар за професионалец, по што се вратив во Финска и повторно се повредив, па се посветив на моите постдипломски студии, со што се одлучив дека ќе работам со спортисти.

 

Дали тогаш имавте идеја дека ќе работите со славни лица како нивен фитнес тренер?

- Не, мојата цел отсекогаш беа спортистите. Славните личности можат да бидат океј, но само ако се навистина мотивирани, да направат се што треба како и спортистите.

 

Дали по ова искуство со Себастијан планирате да останете во Формула 1 или со мислите се уште се во хокејот?

- Порано не бев толку заинтересиран за овој спорт. Слободно можам да кажам дека сега научив повеќе за Формула 1. Одејќи во фабриките каде што луѓе работат од утро до мрак за да произведат некој малечок дел кој може да ги подобри перформансите на болидот, тоа е навистина фасцинантно. Тоа не може да се види на телевизија, тоа е еден голем тим, не се само оние луѓе кои работат на патеката. Во моментов ми се допаѓа, но немам затворено ниту една врата за ниту еден спорт, се уште се интересирам за повеќе.

 

tabak_tomiparmakovski_600ПАРМАКОСКИ Е РЕТКО ПРЕЗИМЕ ВО ФИНСКА

Кај вас најпрво ми падна в очи презимето кое многу асоцира на нашите македонски презимиња. Дали има некоја интересна приказна околу вашето потекло?

- Не, не баш. Откако ми кажавте вчера кога се запознавме, дури и и се јавив на мајка ми во Финска (разговорот е воден за време на гран при викендот во Абу Даби - з.а.), но и таа ми го повтори истото. Колку што таа знае, ние сме ретките со вакво презиме, односно освен моите баба и дедо, не познаваме ниту еден друг којшто се презива така. И кај нас тоа презиме е невообичаено.

Каде живее вашето семејство во Финска? Од каде потекнувате?

- Од едно мало место близу до Хелсинки. И Кими Раиконен живее блиску, неговото гратче е оддалечено од моето околу 20 километри.

Сигурен сум дека и во Македонија има луѓе со идентично презиме, навистина е чудна коинциденција...

- Можеби некој од читателите ќе ви се јави со некоја дополнителна информација, хахаха.

 

Разговараше: Александар Табаковски

Интервјуто е објавено во Теа Модерна, декември 2010

 

ГН Монако (23-27 мај)

Четврток


Тренинг 1
10:00 - 11:30
Тренинг 2
14:00 - 15:30
Сабота
Тренинг 3
11:00 - 12:00
Квалификации 14:00
Недела
Трка 14:00
1.  Австралија 16-18 мар
2.  Малезија 23-25 мар
3.  Кина 13-15 апр
4.  Бахраин 20-22 апр
5.  Шпанија 11-13 мај
6.  Монако 24-27 мај
7.  Канада 08-10 јун
8.  Европа 22-24 јун
9.  Британија 06-08 јул
10.  Германија 20-22 јул
11.  Унгарија 27-29 јул
12.  Белгија 31-02 сеп
13.  Италија 07-09 сеп
14.  Сингапур 21-23 сеп
15.  Јапонија 05-07 окт
16.  Кореја 12-14 окт
17.  Индија 26-28 окт
18.  Абу Даби 02-04 ное
19.  САД 16-18 ное
20.  Бразил 23-25 ное
01. Себастијан Фетел 61
02. Фернандо Алонсо 61
03. Луис Хамилтон 53
04. Кими Раиконен 49
05. Марк Вебер 48
06. Џенсон Батон 45
07. Нико Розберг 41
08. Роман Грожан 35
09. Пастор Малдонадо 29
10. Серхио Перез 22
11. Камуи Кобајаши 19
12. Пол ди Реста 15
13. Бруно Сена 14
14. Жан Ерик Верње
4
15. Нико Хулкенберг
3
16. Даниел Рикиардо
2
17. Фелипе Маса
2
18. Михаел Шумахер
2
19. Тимо Глок
0
20. Шарл Пик
0
21. Виталиј Петров
0
22. Хеики Ковалаинен
0
23. Педро де ла Роса 0
24. Нарајан Картикијан
0
01. Ред Бул
109
02. Мекларен Мерцедес
98
03. Лотус Рено
84
04. Ферари
63
05. Мерцедес АМГ
43
06. Вилијамс Рено 43
07. Заубер Ферари 41
08. Сахара Форс Индија
18
09. Скудерија Торо Росо 6
10. Марусија Ф1 0
11. ХРТ Ф1 0
12. Кетерхем Ф1 0
Campaign

Анкета

Дали е ова последна сезона за Фелипе Маса?