|
ЏЕНСОН БАТОН:
Имав трема кога почнував со Мекларен |
|
|
|
| Петок, 04 Март 2011 17:33 |
|
Новиот владетел Себастијан Фетел, ја презема „штафетата“ де факто во 2011, па финишот на оваа година ни дава последна можност и за одмерен поглед наназад и „збогување“ со Батон како досегашен „султан на брзините“. Од влезот во елитното друштво па се до освојувањето на светскиот наслов, Џенсон постојано беше присутен во медиумите, но ретко кога го повтори првичниот позитивен впечаток. Дебитираше во 2000 година со Вилијамс, чифт месеци откако наполни 20 години, а неговите добри резултати понатаму отворија врати и за други таленти како Раиконен и Фетел, кои слично како него не ги минаа сите можни филтри во пониските категории за на крај да стигнат во Ф1, туку „прекутрупа“ добија ангажмани од некои екипи. Од сите нив, токму Џенсон имаше најголми осцилации и во поглед на изборот на екипите, но и во поглед на личниот развој, па првата победа ја забележа „на шашма“, кога дождот ја поремети трката за ГН Унгарија во 2006 година. На тоа претходеше откупувањето на слободата од долгорочниот договор со првата екипа која полагаше право на него како на своја сопственост, за на крајот да се скраси со Хонда, која во екот на економската криза му го сврте грбот и се повлече од Формула 1, објавувајќи дека го продава тимот на крајот од 2008 година. Трудејќи се да остане во игра и да ја продолжи кариерата со Браун, кој го презема тимот, прифати намалување на платата од 60% (односно од ветените осум, прифатил да се откаже од пет милиони фунти), по што се случи во своите раце да добие генијално парче на креација, болид кој му го даде она за што сонувал цел живот – шанса да се бори за тронот! Конечно медиумите одвојуваа повеќе простор за него отколку за неговите девојки, сите до една „екстра класа“ (Луис Грифит, Флоренс Браденел - Брус, Џесика Мичибата), по што му беше наметнат статусот на плејбој, иако повеќегодишните врски со секоја од убавиците тоа во пракса го демантираше. Дека не е „вакциниран“ против сериозни чувства за нив, веројатно најдобро покажа со посветувањето на титулата (која така гордо ја носеше во текот на целата 2010 година), токму на Џесика Мичибата, јапонската манекенка која според англиските медиуми го нашла патот до неговото срце преку - масажа на стапалата. - Сакам да му се заблагодарам на моето семејство и на Џесика. Те сакам, ова е за тебе,- гласеше една од првите негови изјави, откако се созема по спринтот низ боксовите за да стигне да ги изгушка прво механичарите. – Без Џесика овде, бев препуштен сам на себе. Всушност ги замолив и дечките од тимот ако сакаат да останат во мојата соба минатата вечер, бидејќи знаев дека тешко ќе заспијам, но ме одбија,- објасни Батон лани во Сао Паоло.
Сепак, судбината сакаше бајката за „Пепелашка од Формула 1“ да заврши со трансфер на Батон од Браун во Мекларен, а со тоа и шампионската единица да го кити болидот на оваа екипа. Иако на почетокот на сезоната успеа да извојува две победи во трки одбележани од променливи временски услови, Џенсон не успеа да остане во врвот до самиот крај на сезоната. Шансата за отворен разговор со него дојде токму на последната трка во Абу Даби, кога веќе немаше ниту теоретска можност да го зачува тронот.
- Спа (Франкоршамп – н.з., или трката за ГН Белгија во почетокот од септември) беше момент по кој стана многу потешко. Од таа трка наваму имав неколку проблеми во квалификациите, беше тешко да го најдам вистинскиот баланс, што ми ги отежна работите. За разлика од тоа трките ми беа генерално добри, можеби со исклучок на онаа во Кореја. Генерално саботите беа тие каде што ја немав потребната брзина, а автоматски со тоа ниту балансот со којшто требаше да се појавам во недела, па затоа и Кореја беше прилично тежок викенд. Таму изгубив многу поени и можеби тоа беше пресудно, иако, искрено речено, но сепак ќе беше тешко и без таа трка да дојдам овде и да се борам за титулата. На почетокот од сезоната прогнозиравте доминација на Ферари, но како ја гледате сезоната од сегашен аспект? - Да, тоа беше кажано за време на зимските тестирања, а сега повеќе наликува дека Ред Бул си ја остави работата да ја завшри во последната минута. Генерално, истите луѓе беа во конкуренција за победи оваа сезона со тоа што Ред Бул беше брз од почеток до крај, можеби со исклучок на една или две трки, додека Ферари беа конкурентни на голем број од нив, а ние бевме малку ваму малку таму. Тоа се трите тима кои беа конкурентни оваа година, но следната сезона може да ни се приклучат и некои други. Мислам дека Мерцедес ќе биде силен, тие се добар тим и очекувам да отскокнат. Што се однесува до нас, ние сме концентрирани на освојување на второто место во конструкторскиот шампионат и за оваа година и порастоварено ќе влеземе во овој последен викенд. Лани на последната трка влеговте со освоена титула, а на оваа влегувате без шанси за нејзина одбрана. Во која од овие две трки бевте порелаксиран? - Повеќе би сакал да бев во конкуренција за титулата на оваа трка! Имав добра сезона и уживав во неа. Квалификациите очигледно ми беа слаба точка, но среќен сум со моите перформанси во трките, кадешто успеав да го извадам максимумот од болидот и да ги подобрам своите пласмани имајќи предвид колку назад стартував. Генерално уживав повеќе во неделите отколку во саботите. Не би сакал да го омаловажувам мојот претходен тим, но во Мекларен многу добро се снајдов, ова е тим којшто има огромно знаење, искуство и историја. Би можел да кажам дека имав трема кога ја почнував годината со ваква екипа. Возбуда... возбуда би бил вистинскиот збор. Одлично е да се има тим којшто сака да го чуе твоето мислење, тоа те прави да се чувствуваш оптимистички за 2011 година. Дали ќе ви помогне тоа што сега ќе имате цела зима за подготовки со овој тим за новата сезона? - Да, навистина не сум имал толку добра зима веќе многу години., во којашто седиш со тимот и си концентриран на развојот на болидот за идната година. Добор е што сме во позиција да ја завршиме сезоната со разумно добар болид кој ние двајцата со Луис ќе продолжиме да го надоградуваме, а воедно ќе уживаме во тоа. Ќе имаме многу работа оваа зима, но ќе биде и многу возбудливо. Која е разликата во однос на претходните години? - Па, во однос на лани разликата е во тоа што го сменив тимот, а зимата пред тоа не знаев дали воопшто ќе возам. Враќајќи се уште една година наназад, мислам дека тогаш не знаевме во кој правец да одиме со болидот, бидејќи Рос Браун ни се приклучи премногу доцна. Едноставно секоја зима имаше по нешто, а еве сега додека зборувам ми текнува дека и годината преходно не се знаеше дали ќе возам во Вилијамс или во Бар Хонда. Имаше премногу поместувања, промени, кои ми ја комплицираа зимата, затоа ќе уживам во оваа. Едноставно ќе седнам, ќе разговарам со тимот за сите подобрувања коишто ми се потребни, почнувајќи од комфорот, па балансот, како и насоката на развој на болидот.
- Најважно е што ќе научиме. КЕРС се враќа од минатото, но најважно е што Мекларен има искуство со него и работите по тоа прашање изгледаат добро. Што се однесува до гумите, ќе треба да се има што е можно повеќе информации и по тоа прашање зимата ќе биде напорна, ќе почне рано, а со толку различни возачи ќе има и многу различни мислења. Со Луис имате различни стилови на возење, па ме интересира како ќе се одрази тоа врз одлуките за развој на болидот за идната година? - Првенствено, разликата е таа што Луис има далеку поголемо искуство со болидот на Мекларен, но генерално јас и тој ги сакаме истите нешта. Кога болидот покажува преуправливост, тој е побрз! Двајцата сме зборувале за истите работи на тимските брифинзи, така што мислам дека тука нема да имаме големи разлики. Ќе имаме неколку надградби на аедоринамиката поради укинувањето на двојниот дифузер, па ќе се обидеме болидот да го претставиме што е можно порано. Колку се исплашивте за време на бразилскиот гран при викенд кога беше објавено дека вашето возило било цел на вооружен напад? - Па, до сега ми немале вперено пиштол в глава, така што , да! Сега го имам тоа искуство, но мислам дека тогаш доволно зборував на таа тема и не би сакал повеќе да зборувам за тоа.
Разговараше: Александар Табаковски Интервјуто е објавено во Лајф Магазин, јануари 2011 |









Иако извојуван минатата година, насловот светски првак во Формула 1 и фраерскиот „кец“ на носот од болидот беа меѓу главните атрибути на Џенсон Батон во оваа 2010 година.
Влеговте во последната трка без математички шанси за одбрана на титулата, но дали во текот на сезоната имаше момент кога почувствувавте дека таа веќе Ви бега од рака?
Оваа година имаше неколку добри одлуки за стратегиите на трките, но следната сезона работите ќе се комплицираат со враќањето на КЕРС и новите гуми на Пирели. Како ќе го употребите тоа во своја корист?
