Ф1 Алманах Формула1 Интервјуа Првенствено ова е успех на тимот
ХЕЛМУТ МАРКО:
Првенствено ова е успех на тимот
PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од 5)
Петок, 04 Март 2011 18:03
Bookmark and Share

tabak_helmutmarko_600Д-р Хелмут Марко е првиот човек во рамки на компанијата Ред Бул задолжен за моторспорт, човек кој е непосреден инженер на успехот што оваа екипа го постигна како освојувач на двојната круна во 2010 година.

Почнувајќи од купувањето на екипата, па се до нејзиното поставување на победничките патишта, тој е лидерот од сенка пред кого одговараат тимскиот шеф Кристијан Хорнер и останатите.

Непосредно по драматичниот финиш на сезоната во Формула 1, фокусот на медиумите се постави кон новиот светски првак, Себастијан Фетел. Тој вредно го одработи својот дел кон претставниците на седмата сила, давајќи одговори на многу различни прес конференции, меѓутоа најтивок беше (и остана) токму „мастермајндот“ на целиот успех – Д-р Хелмут Марко. Австриецот има зад себе тркачка кариера, но најголемите успеси и тој ги постигнува токму во делот на менаџментот, каде што успеа да направи тим меѓу кои само техничкиот директор Адријан Њуи претходно бил на шампионскиот трон во Формула 1 (со Вилијамс и Мекларен).

Господине Марко, ова беше голем успех, но дали вие го сметате можеби и за едно од своите најголемите животни достигнувања?

- Би рекол да. Барем што се однесува до менаџерската страна на нештата. Среќни сме што успеавме да го оствариме ова со еден млад тим како Ред Бул, со најмладиот светски шампион на сите времиња Себастијан Фетел, којшто исто така доаѓа од јуниор програмата на компанијата за поддршка на млади возачи.

 

Вие и самиот сте биле тркачки возач, познати ви се емоциите. Но дополнително тука станува збор за успех на некој што бил ваш ученик, некој со кого добро се согласувате и како што спомнавте потекнува од јуниор програмата на Ред Бул?

- Да, но ова е прво успех на тимот, а потоа и на возачот, со сите негови атрибути што ги споменавте. Би можело да се рече дека е двојно остварување. Нашата цел беше да дојдеме овде со двајцата возачи, Марк Вебер и Себастијан Фетел и да се обидеме да направиме се, за да ја освоиме титулата. За нас никогаш не беше битно дали тоа ќе биде едниот или другиот возач, Вебер или Фетел. Водевме во првенството до трката во Кореа, кога Марк имаше инцидент, а на Фетел му експлодираше моторот.

 

Екипата има лиценца од австриската спортска федерација, и е во сопственост на австриска компанија, па дали овој успех може да се третира како пример за останатите наспроти доминантните британски тимови?

-Ние немавме намера нешто да им докажуваме на Англичаните, таму се наоѓаат најдобрите луѓе и најдобарата инфраструктура, како и сите наши добавувачи. Тоа значи дека Англија е вистинското место за да се има Формула 1 тим.

 

Дали веќе имате некои планови за иднината?

- Се ни се случи некако набрзина. Ќе мораме да седнеме некој ден откако сето ова ќе се смири, кога ќе завршат и тестирањата со младите возачи коишто се многу надежни, Даниеле Рикиардо од Австралија и Жан Ерик Верн од Франција, па дури потоа ќе го направиме нашиот дефинитивен план за следната година.

 

Дали тоа значи дека има шанса да ја прекинете вашата Формула 1 програма?

-Не, не мислам така. Ова е преголема инвестиција во којашто се вклучени 560 луѓе кои би биле многу разочарани и кои само очекуваат што следно ќе постигнеме.

 

Како размислува сопственикот на Ред Бул, задоволен ли е?

- Сопственикот на Ред Бул, Дитрих Матешиц, е голем визионер, па ќе ги дознаеме и неговите идеи и тоа ќе ни биде некоја појдовна точка. Кога тимот беше купен, тој имаше своја визија дека не е тука само за да се натпреварува, туку за да победува. Тоа беше јасна наредба! Можеби ќе бевме прваци уште лани да не беа двојните дифузери, но според мене и она што го постигнавме во пет години е прилично брз напредок.

 

Името на екипата Ред Бул се спомнува во шпекулациите за евентуалното влегување на Фолксваген во Формула 1, бидејќи со таа фабрика имате соработка во ДТМ трките и на релито Дакар?

- Остануваме со Рено. Засега нема ништо поинакво. Барем за следната година.

 

helmutmarko_sebvettel_600Се сеќавате ли кои беа вашите први впечатоци кога го запознавте Себастијан, на првиот тест за Ред Бул?

- Да, тој беше добар и надежен, но никој не помислуваше дека може да стане светски првак. Потребно е многу работи да се вклопат за да се стигне до титула.

 

Вие бевте близок и со Михаел Шумахер, па дали можете да направите споредба меѓу него и новиот светски првак, Себастијан Фетел?

- За нас Фетел е Фетел. Ние не го гледаме него како Шумахер. Во Формула 1 не е важно од каде си, од каде доаѓаш, туку како ќе се покажеш. Тоа е единствено што се гледа. За да успееш мора да бидеш вреден и паметен. Во спротивно, успехот нема да се случи.

 

Разговараше: Александар Табаковски

Интервјуто е објавено во АМСМ Клуб Мобилити, декември 2010

 

ГН Монако (23-27 мај)

Четврток


Тренинг 1
10:00 - 11:30
Тренинг 2
14:00 - 15:30
Сабота
Тренинг 3
11:00 - 12:00
Квалификации 14:00
Недела
Трка 14:00
1.  Австралија 16-18 мар
2.  Малезија 23-25 мар
3.  Кина 13-15 апр
4.  Бахраин 20-22 апр
5.  Шпанија 11-13 мај
6.  Монако 24-27 мај
7.  Канада 08-10 јун
8.  Европа 22-24 јун
9.  Британија 06-08 јул
10.  Германија 20-22 јул
11.  Унгарија 27-29 јул
12.  Белгија 31-02 сеп
13.  Италија 07-09 сеп
14.  Сингапур 21-23 сеп
15.  Јапонија 05-07 окт
16.  Кореја 12-14 окт
17.  Индија 26-28 окт
18.  Абу Даби 02-04 ное
19.  САД 16-18 ное
20.  Бразил 23-25 ное
01. Себастијан Фетел 61
02. Фернандо Алонсо 61
03. Луис Хамилтон 53
04. Кими Раиконен 49
05. Марк Вебер 48
06. Џенсон Батон 45
07. Нико Розберг 41
08. Роман Грожан 35
09. Пастор Малдонадо 29
10. Серхио Перез 22
11. Камуи Кобајаши 19
12. Пол ди Реста 15
13. Бруно Сена 14
14. Жан Ерик Верње
4
15. Нико Хулкенберг
3
16. Даниел Рикиардо
2
17. Фелипе Маса
2
18. Михаел Шумахер
2
19. Тимо Глок
0
20. Шарл Пик
0
21. Виталиј Петров
0
22. Хеики Ковалаинен
0
23. Педро де ла Роса 0
24. Нарајан Картикијан
0
01. Ред Бул
109
02. Мекларен Мерцедес
98
03. Лотус Рено
84
04. Ферари
63
05. Мерцедес АМГ
43
06. Вилијамс Рено 43
07. Заубер Ферари 41
08. Сахара Форс Индија
18
09. Скудерија Торо Росо 6
10. Марусија Ф1 0
11. ХРТ Ф1 0
12. Кетерхем Ф1 0
Campaign

Анкета

Дали е ова последна сезона за Фелипе Маса?