Ф1 Алманах Формула1 Интервјуа Можеме да имаме добра сезона
СЕБАСТИЈАН БУЕМИ:
Можеме да имаме добра сезона
PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од 5)
Понеделник, 28 Март 2011 01:52
Bookmark and Share

buemi_dava_intervjuВозачот на Торо Росо во зимските тестирања пред новата сезона покажа дека италијанскиот тим има потенцијал за позитивно да изненади и да се бори со другите веќе етаблирани имиња. Интервјуто со него беше направено по крајот на минатата година, а оптимизмот беше забележлив уште тогаш.

Да се биде дел од помладата екипа на Ред Бул, значи да се започне многу рано во Формула 1. Фетел стана најмладиот светски првак со 23 години, откако (инцидентно) дебитираше во 2007 година. Во 2009 пак, во редовите на Торо Росо дебитираа Буеми и Алгуерсуари, Швајцарецот со 20 години, а Шпанецот со само 18 години. За обајцата оваа 2011 ќе биде трета сезона, но товарот е на рамениците на Буеми бидејќи претходната година беше за нијанса подобар од тимскиот колега (8:5 во бодови), во однос на првата заедничка сезона (6:0 иако Алгуерсуари возеше само во втората половина). Мошне е возможно еден од нив двајцата да биде прекомандуван во првата екипа за 2012 година, па анализата кој од нив двајцата ќе заврши подобра работа е нешто што сигурно ќе дојде на дневен ред.

Може ли да ги споредиме вашите сезони во 2009 и 2010 година и да ги анализираме постигнувањата? Се чини дека во 2009 имавте подобар финиш, а во 2010 подобар старт...

- Да, сосема сте во право. Во 2009 имавме неколку пласмани меѓу десетте најдобри на квалификациите во последните трки, а во 2010 тоа не се случи ниту еднаш. Сепак, мораме да ги анализираме нештата, па мора да се заклучи дека во 2009 година имавме готов болид, а во 2010 моравме самите да го конструираме. Почетокот беше добар, но не можевме да го задржиме тоа темпо, и во втората половина на сезоната тоа се почувствува бидејќи се фокусиравме на болидот за 2011 година. И покрај тоа што изостанаа резултатите, стекнавме големо искуство што воопшто не е за потценување. Очекувавме многу повеќе, и како тим и јас лично, но некогаш не оди се според плановите.

Дали забележуваш кај себе напредок во перформансите бидејќи во 2010 ја комплетираше втората сезона?

- Мислам дека сум многу подобар во комуникацијата со инженерите и во штелувањето на болидот, да давам насоки за тоа како да бидеме побрзи. Не постои начин како да се измери личниот учинок бидејќи не станува збор за исти болиди, исти гуми, но мое мислење е дека сум подобар онаму каде што е најкомплицирано. Тука може да се спомне и влијанието врз стратегиите, бидејќи се случуваат различни временски околности, па имам многу подобра слика за тоа што треба да направам и како да реагирам. Сето тоа ставено заедно значи дека верувам доколку имаме добар болид во 2011 година, прилично сум убеден дека можам да имам добра сезона. Тимот ќе остане воглавно ист, ќе го имаме истиот мотор, ќе добиеме КЕРС од Ферари којшто беше употребуван во 2009 година, а исто така нема да не` погоди забраната за Ф-каналот бидејќи не го развивме во 2010 година.

Како ќе ја користиш паузата меѓу сезоните?

- Добро е да се анализираат некои работи од минатата година за да се види дали некаде имало грешка и ако имало како можело да се направи тоа да биде подобро. Генерално, не треба да се живее во минатото и да се размислува што ќе беше ако на оваа трка се случеше ова или на онаа трка се случеше она, но треба да се извлечат изнесни поуки за иднината, нешто што ќе те направи подобар. Дополнително, меѓу сезоните најголемиот дел од возењето е она во симулаторот, а исто така треба да се работи и на фитнесот. Потоа доаѓаат разговорите со инженерите околу новиот болид, подготовките за тестирањата, и тогаш треба да се биде подготвен да се влезе во болидот и да се започне новата сезона.

buemi_zad_volanШто очекуваш во твојата трета сезона од Формула 1?

- Се чувствувам подготвен за добри резултати, но не е се во рацете на возачот. Морам да имам и добар болид. Тимот знае дека јас го вложувам максимумот и убеден сум дека ако болидот биде добар, ние ќе имаме добри резултати, но мора да дојдеме на првата трка и да си ги одмериме силите за да видиме каде сме навистина и тогаш да си ги поставиме целите. Се разбира дека сакаме да финишираме во поени и дека сакаме да бидеме пред конкурентите, како Форс Индија, Вилијамс, па можеби и Лотус, ако се подобри во 2011 година.

Минатата сезона екипата го ангажираше Џорџо Асканели да го конструира болидот откако беше забрането да се користи истата шасија од Ред Бул. Торо Росо е екипа за млади возачи, но Асканели е ветеран меѓу инженерите, како ви оди соработката?

- Џорџо е неверојатен! Има огромно искуство и почнал да работи во Формула 1 уште пред јас да се родам. Тоа искуство му овозможува да види кој возач во која насока оди, а кога се разговара со него не треба да му се зборува многу, бидејќи веднаш ве разбира. Тој е толку навлезен во тоа, но истовремено е и многу остар. Веднаш ти ги кажува работите во лице и има одличен преглед на сите настани. Знае да помогне кога ќе види дека бараме нешто во одредена насока, да ни обрати внимание на некои факти. Не можам да го објаснам тоа комплетно, но тој толку им помага на сите наоколу, што сосема го смени тимот откако е дојден. Има искуство како се работи во големите тимови, бидејќи бил во Мекларен, бил во Бенетон, во Ферари, едноставно ја знае дисциплинската структура која треба да постои. Умее да ги анализира работите, да го одвои битното од небитното, и да се фокусира на тоа што треба да се фокусира. Најдоброто од се е што не се плаши да донесува одлуки, бидејќи познавам многу луѓе во Формула 1 коишто ја немаат таа храброст. Многу пати оваа година кога освоивме поени, тоа беше затоа што донесе вистински одлуки во вистински моменти.

Дали размислуваш за седиште во првиот тим на Ред Бул? Хаиме Алгуерсуари имаше изјави во медиумите дека посакува да стигне прв таму?

- Тоа е нешто што постои, но јас се трудам да го игнорирам и да се посветам на сегашноста. Еден возач мора да се докаже во својата екипа наспроти својот тимски колега, да освојува бодови и подобри пласмани. Ние веќе сме ривали во тој поглед, но јас преферирам да се фокусирам на Торо Росо во моментов.

buemi_vo_kombinezonДали тоа значи дека ќе ве споредуваат како сте се натпреварувале додека сте возеле заедно?

- Во Формула 1 никој не се сеќава што било во минатото. Сите те гледаат каков си сега, на пример, во мојата дебитантска сезона, кон крајот на годината болидот беше навистина добар и јас постојано бев на првите позицииза време на петочните тренинзи. На последните три трки влегував и во најдобрите 10 на квалификациите, а потоа освојував и поени во трката... Никој не го спомнува тоа. Можеби тоа е добро да си го знаеш, дека можеш да го направиш, или дека некогаш си го направил, но освен тоа, никој повеќе не се грижи за тоа.

Твојата братучетка Наташа Гашнанг се натпреваруваше во Формула 2. Дали брзината ви е во гените?

- Да, семејството отсекогаш било посветено на трките. Денеска и јас сум тука, и мојата братучетка е во една нова категорија, па ќе видиме како ќе се покаже и каде ќе стигне следната година. Таа сепак не е дел од групата возачи што се во подмладокот на Ред Бул.

Твоето лично мислење за себе како возач: во што си подобар од другите?

- Тоа е тешко да се одговори. Сите ние сакаме да бидеме најдобри. Јас мислам дека сум се уште млад, но дека имам прилично големо искуство за моите години. Сум бил прилично конкурентен во сите категории во коишто сум се натпреварувал и можам да кажам дека брзо учам. Сепак, не размислувам многу за ова, моето внимание е насочено кон подобрување на нештата.

 

Разговараше:
Александар Табаковски

Интервјуето е објавено во АМСМ Клуб Мобилити (април 2011) 

 

ГН Монако (23-27 мај)

Четврток


Тренинг 1
10:00 - 11:30
Тренинг 2
14:00 - 15:30
Сабота
Тренинг 3
11:00 - 12:00
Квалификации 14:00
Недела
Трка 14:00
1.  Австралија 16-18 мар
2.  Малезија 23-25 мар
3.  Кина 13-15 апр
4.  Бахраин 20-22 апр
5.  Шпанија 11-13 мај
6.  Монако 24-27 мај
7.  Канада 08-10 јун
8.  Европа 22-24 јун
9.  Британија 06-08 јул
10.  Германија 20-22 јул
11.  Унгарија 27-29 јул
12.  Белгија 31-02 сеп
13.  Италија 07-09 сеп
14.  Сингапур 21-23 сеп
15.  Јапонија 05-07 окт
16.  Кореја 12-14 окт
17.  Индија 26-28 окт
18.  Абу Даби 02-04 ное
19.  САД 16-18 ное
20.  Бразил 23-25 ное
01. Себастијан Фетел 61
02. Фернандо Алонсо 61
03. Луис Хамилтон 53
04. Кими Раиконен 49
05. Марк Вебер 48
06. Џенсон Батон 45
07. Нико Розберг 41
08. Роман Грожан 35
09. Пастор Малдонадо 29
10. Серхио Перез 22
11. Камуи Кобајаши 19
12. Пол ди Реста 15
13. Бруно Сена 14
14. Жан Ерик Верње
4
15. Нико Хулкенберг
3
16. Даниел Рикиардо
2
17. Фелипе Маса
2
18. Михаел Шумахер
2
19. Тимо Глок
0
20. Шарл Пик
0
21. Виталиј Петров
0
22. Хеики Ковалаинен
0
23. Педро де ла Роса 0
24. Нарајан Картикијан
0
01. Ред Бул
109
02. Мекларен Мерцедес
98
03. Лотус Рено
84
04. Ферари
63
05. Мерцедес АМГ
43
06. Вилијамс Рено 43
07. Заубер Ферари 41
08. Сахара Форс Индија
18
09. Скудерија Торо Росо 6
10. Марусија Ф1 0
11. ХРТ Ф1 0
12. Кетерхем Ф1 0
Campaign

Анкета

Дали е ова последна сезона за Фелипе Маса?