|
ДЕКАДА ВТОРА: 1960-1969
Борба за живот |
|
|
|
| Четврток, 09 Март 2000 00:00 |
Како во повеќето спортови, така и во автомобилските натреварувања, многу потешко е да се одбранат успесите, отколку да се постигнат.Пропулзивноста на Светското првенство во формула еден придонела конкуренцијата да се засили и меѓу возачите и меѓу конструкторите.
На местото на Алфа Ромео, Масерати и Мерцедес, кон крајот на педесеттите се појавиле Купер, БРМ и Лотус. Тие ја прославиле англиската конструкторска школа, која станала доминантна и веќе 40 години го држи приматот. Бројот на возачи се мултиплицирал во однос на претходната декада. Влоговите во играта станувале поголеми, ризикот уште повеќе. Се засилило темпото во трката на идеи што придонесувале за подобри перформанси, но, без грижа за безбедноста. Џек Бребем бил предводник на новата генерација возачи кои безрезервно ја прифатиле гладијаторската улога.
Тој најдобро се снашол во меѓупериодот од заминувањето на потврдените големи имиња и до стапување на сцена на помладите. Во 1960-та без особени тешкотии ја одбранил титулата, при што најголем конкурент му бил тимскиот колега Брус Мекларен. На црните страници на историјата биле запишани уште две имиња, Бристон и Стејси. Меѓу дебитантите кои веднаш го привлекле вниманието биле Џим Кларк и Волфган фон Трипс. Германецот се натреварувал во конкуренција на формула два, но неколку пати се пласирал во бодови и добил ангажман од Ферари. Под притисок на англиските конструктори биле извршени неколку измени во правилата: зафатнината на моторот била ограничена на 1500 кубни сантиметри, бил востановен лимит на тежина на возилата, а почнало да се доделуваат бодови и за шесто место. Фон Трипс бил изненадување на сезоната 61-ва остварувајќи победа уште во втората трка.Нему му припаднала честа да биде првиот Германец кој го освоил највисокото место на пиадесталот, а бил дел од четверецот кој ја постигнал историската победа за Ферари во Белгија, заземајќи го првите четири места. Доминантноста на италијанскиот тим била надополнета и со единствениот поискусен бозач, Фил Хил, како и со Џанкарло Багети кој дебитирал на трката во Франција и веднаш го освоил првото место. Фон Трипс бил на дофат на титулата, кога во Монако трагично го загубил животот (при неговото излетување настрадале и 13 гледачи), па Фил Хил со победата во трката ја освоил и титулата. Следната година Ферари стагнирал, со што дуеалот за највисоките позиции се префрлил на Грем Хил со БРМ и Џим Кларк со Лотус. Британците конечно го задоволиле своето его, доминирајќи во првенството. Кларк, доследен на тактиката - се или ништо - станал миленик на публиката, наспроти поискусниот Хил кој бил сконцентриран на собирање бодови. Од нивните меѓусебни дуели во аналите е влезен оној од Големата награда на Германија во Нирбургринг. Кларк имал проблеми од почетокот, но, се вратил во трката која што се одржувала по исклучително силен дожд, претекнувајќи 17 возила за еден круг (кој тогаш бил 22 километри). Победата, а подоцна и титулата му припаднале на Хил, но, Кларк се реванширал веќе следната година. Повторното враќање на Ферари меѓу победниците се должи на ангажманот на Џон Сартиз, трикратен светски првак во мотоциклизам (58-59-60), кој тогаш “јавајќи” на вранците впрегнати на “црвената фурија”, стигнал и до титулата во формула еден, станувајќи до денеска единствен човек кому му пошло од рака да ги обедини трофеите. По тригодишниот мирен период, одново жртви - во инцидентот на французинот Бофор на квалификациите во Германија. Во 1965, со икслучок на Фил Хил, учествувале сите шампиони во последните 7 години. Дуелот на најквалитетните продуцирал најголемо интересирање дотогаш, а тоа било мамка и за Гудјиар да се приклучи кон најбрзиот светски караван. Кларк повторно бил подобар од Хил, добивајќи епитети од типот “волшебник со волан”. Следната година конечно во тимот на Џек Бребем се профукнционирало онака како што треба, па Австралијанецот и неговиот втор возач Денис Хјулм, го постигнале зацртаното со освојување на титулите. До денешени денови тое е единствен пример за возач што стигнал до тронот со сопствена екипа. Во меѓувреме, Кларк станал првиот ф-1 возач кој го освоил Индијанополис, со што му ја донел првата победа на Форд во славната трка. Немало сомнение дека во моментот кога оваа компанија ќе се одлучи да “влезе” и во Светско првенство, повторно тоа ке го стори со тимот на Лотус и првиот “летачки Шкотланѓанец”. До тоа доаѓа во третата трка од сезоната 67-ма, во Холандија, што веднаш резултирало со победа која на Кларк му обезбедила за уште едно почесто место во историјата. Сепак, годините сепак се паметат и по црната точка крај бројката - Џон Тејлор подлегнал на повредите здобиени по излетувањето во Нирбургринг, а Лоренцо Бандини настрадал од изгорениците по инцидентот во Монако. На самиот почеток од новата сезона, по победата на првата трка во Јужна Африка, на промоционалната ф-2 трка во Хокенхајм во “вечните ловишта” се преселил и Кларк. За негов наследник бил прогласен сонародникот Џеки Стјуарт, кој дебитирал кон средината на деценијата, но, не можел да обезбеди место во голем тим.Откако во 68-та Хил ја освоил втората титула, Стујарт со тимот на Матра (подоцна Тајрел), за сезоната 69-та најавил остварувања на предвидувањата. Моторот на Форд станал доминантен со повеќе врвни екипи, со што дошло до израмнување во перформансите, кое пак, ги истакнувало возачите од новата генерација како еднакво добри со докажаните шампиони. Стјуарт ја решил сезоната во своја корист откако направил серија од седум победи ( шест едноподруго ) и едно второ место во првите осум трки. Експериментите со воздушните крила - спојлери, го зацртале развојниот тренд за следната деценија. Користењето на аеродинамиката повеќе се сметало како употреба на некои “мистични” трикови, отколку за наука. Истражувањата сепак породолжиле во тој правец, со што било најавено дека седумдесеттите ќе бидет години на промена на конвенционалните сфаќања за тркачките автомобили. ШАМПИОНИ 1960-1969 1960 Возачи 1. Џ. Бребем 43 2. Б. Мекларен 34 (37) 3. С. Мос 19 Конструктори 1. Купер 40 (61) 2. Лотус 32 (37) 3. Ферари 24 (27) 1961 Возачи 1. Ф. Хил 34 (38) 2. В. фон Трипс 33 3. С. Мос 21 Конструктори 1. Ферари 40 (52) 2. Лотус 32 3. Порше 22 (23) 1962 Возачи 1. Г. Хил 42 (52) 2. Џ. Кларк 30 3. Б. Мекларен 27 (32) Конструктори 1. БРМ 42 (56) 2. Лотус 36 (38) 3. Купер 29 (37) 1963 Возачи 1. Џ. Кларк 54 (73) 2. Г. Хил 29 3. Р. Гинтер 29 (34) Конструктори 1. Лотус 54 (74) 2. БРМ 36 (50) 3. Бребем 28 (30) 1964 Возачи 1. Џ. Сартиз 40 2. Г. Хил 39 (41) 3. Џ. Кларк 32 Конструктори 1. Ферари 45 (49) 2. БРМ 42 (51) 3. Лотус 37 (40) 1965 Возачи 1. Џ. Кларк 54 2. Г. Хил 40 (47) 3. Џ. Стјуарт 33 (34) Конструктори 1. Лотус 54 (59) 2. БРМ 45 (61) 3. Бребем 27 (32) 1966 Возачи 1. Џ. Бребем 42 (45) 2. Џ. Сартиз 28 3. Ј. Ринт 22 (24) Конструктори 1. Бребем 42 (49) 2. Ферари 31 (32) 3. Купер 30 (35) 1967 Возачи 1. Д. Хјулм 51 2. Џ. Бребем 46 (48) 3. Џ. Кларк 41 Конструктори 1. Бребем 67 2. Лотус 50 3. Купер 28 1968 Возачи 1. Г. Хил 48 2. Џ. Стјуарт 36 3. Д. Хјулм 33 Конструктори 1. Лотус 62 2. Мекларен 51 3. Матра 45 1969 Возачи 1. Џ. Стјуарт 63 2. Џ. Икс 37 3. Б. Мекларен 26 Конструктори 1. Матра 66 2. Бребем 51 3. Лотус 47 |









Како во повеќето спортови, така и во автомобилските натреварувања, многу потешко е да се одбранат успесите, отколку да се постигнат.
Фон Трипс бил изненадување на сезоната 61-ва остварувајќи победа уште во втората трка.Нему му припаднала честа да биде првиот Германец кој го освоил највисокото место на пиадесталот, а бил дел од четверецот кој ја постигнал историската победа за Ферари во Белгија, заземајќи го првите четири места. Доминантноста на италијанскиот тим била надополнета и со единствениот поискусен бозач, Фил Хил, како и со Џанкарло Багети кој дебитирал на трката во Франција и веднаш го освоил првото место. Фон Трипс бил на дофат на титулата, кога во Монако трагично го загубил животот (при неговото излетување настрадале и 13 гледачи), па Фил Хил со победата во трката ја освоил и титулата. Следната година Ферари стагнирал, со што дуеалот за највисоките позиции се префрлил на Грем Хил со БРМ и Џим Кларк со Лотус. Британците конечно го задоволиле своето его, доминирајќи во првенството. Кларк, доследен на тактиката - се или ништо - станал миленик на публиката, наспроти поискусниот Хил кој бил сконцентриран на собирање бодови. Од нивните меѓусебни дуели во аналите е влезен оној од Големата награда на Германија во Нирбургринг. Кларк имал проблеми од почетокот, но, се вратил во трката која што се одржувала по исклучително силен дожд, претекнувајќи 17 возила за еден круг (кој тогаш бил 22 километри). Победата, а подоцна и титулата му припаднале на Хил, но, Кларк се реванширал веќе следната година.
Повторното враќање на Ферари меѓу победниците се должи на ангажманот на Џон Сартиз, трикратен светски првак во мотоциклизам (58-59-60), кој тогаш “јавајќи” на вранците впрегнати на “црвената фурија”, стигнал и до титулата во формула еден, станувајќи до денеска единствен човек кому му пошло од рака да ги обедини трофеите. По тригодишниот мирен период, одново жртви - во инцидентот на французинот Бофор на квалификациите во Германија. Во 1965, со икслучок на Фил Хил, учествувале сите шампиони во последните 7 години. Дуелот на најквалитетните продуцирал најголемо интересирање дотогаш, а тоа било мамка и за Гудјиар да се приклучи кон најбрзиот светски караван. Кларк повторно бил подобар од Хил, добивајќи епитети од типот “волшебник со волан”. Следната година конечно во тимот на Џек Бребем се профукнционирало онака како што треба, па Австралијанецот и неговиот втор возач Денис Хјулм, го постигнале зацртаното со освојување на титулите. До денешени денови тое е единствен пример за возач што стигнал до тронот со сопствена екипа. Во меѓувреме, Кларк станал првиот ф-1 возач кој го освоил Индијанополис, со што му ја донел првата победа на Форд во славната трка. Немало сомнение дека во моментот кога оваа компанија ќе се одлучи да “влезе” и во Светско првенство, повторно тоа ке го стори со тимот на Лотус и првиот “летачки Шкотланѓанец”. До тоа доаѓа во третата трка од сезоната 67-ма, во Холандија, што веднаш резултирало со победа која на Кларк му обезбедила за уште едно почесто место во историјата. Сепак, годините сепак се паметат и по црната точка крај бројката - Џон Тејлор подлегнал на повредите здобиени по излетувањето во Нирбургринг, а Лоренцо Бандини настрадал од изгорениците по инцидентот во Монако. На самиот почеток од новата сезона, по победата на првата трка во Јужна Африка, на промоционалната ф-2 трка во Хокенхајм во “вечните ловишта” се преселил и Кларк. За негов наследник бил прогласен сонародникот Џеки Стјуарт, кој дебитирал кон средината на деценијата, но, не можел да обезбеди место во голем тим.
