|
ДЕКАДА ТРЕТА: 1970-1979
Некои нови клинци |
|
|
|
| Четврток, 09 Март 2000 00:00 |
Светот секогаш останува на младите. Секој почеток на нова деценија од светските првенства исфрлувал нови таленти кои, благодарение на бескомпромисната желба за успех, секогаш имале адут повеќе против постарите и поискусните колеги.Рекордите почнале да добиваат и своја старосна димензија, бидејќи со напливот на млади возачи, почнала да се одбележува и возраста при соборувањето на претходното најдобро постигнување.
Иновациите станале основа на успехот: аеродинамичките спојлери во Лотус, шесте тркала на Тајрел, всисувачот на вакуум во Бребем, како и турбо моторот на Рено, кои почнале да го менуваат ликот на Светското првенство. Трагичните инциденти и натаму останале составен дел од спортот, без оглед на возраста. Во сезоната 70-та холандскиот Зандворт бил фатален за Пјер Кураж, а формула еден го добила својот прв и се уште единствен посмртен шампион во Австриецот Јохен Ринт. Со петте победи во средината од сезоната, тој се наметнал како единствен кандидат за титулата. Опасноста секогаш демне, особено во Монца.
Ринт настрадал при инцидентот на квалификациите, со својот Лотус. Колку и да бил напреден тимот на Колин Чепмен, сепак го заработил и прекарот “подвижно погребално претпријатие”. Најблискиот конкурент на Ринт, Џеки Икс, во последните три трки забележил две победи и едно четврто место, но не успеал да го преземе тронот, бидејќи тоа било возможно само со 100 процентен успех на сите трки. Единствени придобивки од оваа година се дебитирањата на Фитипалди, Петерсон и Регацони. Џеки Стјуарт заталкал во комбинациите со промените на тимовите, па не бил меѓу фаворитите. Одбраната на титулата ја почнал со инфериорниот тим на Марч, а кон крајот на сезоната - кога од екипата на Матра се одвоил директорот на тимот Кен Тајрел, основајќи своја “ергела” - Стјуарт се вратил кај својот прв ментор. Продолжувањето на соработката што резултирала со освојувањето на круната во 69-та, се покажала како вистински потег. Веќе во 71-та тие повторно заедно јуришале кон испишување на ново поглавје во победничката историја на спортот. Од тој период датира и пријателството со Франсоа Север, со кого Џеки ги споделувал сите успешни резултати и незгоди. Вообичено за тоа време било дружењето на возачите меѓу себе, заедничкото излегување и патување на годишен одмор. Сепак, ривалството на патеката останувало на задоволство на сите. Емерсон Фитипалди во 72-та станал најмлад шампион на сите времиња освојувајќи ја титулата со 25 години и 9 месеци, враќајќи ја притоа титулата во Јужна Америка по пауза од речиси 15 години. Со него почнала и ерата на темпераментните Бразилци, кои оттогаш претставуваат нерешлива загатка за поладнокрвните конкуренти. Патем, во елитата на взоачите се вклучиле Ники Лауда и Џоди Шектар, а нешто подоцна е формирана и екипата на Вилијамс. Стјуарт го освоил вицешампионското место, но веќе следната сезона пак ја прекинал победничката серија на Лотус. Третата титула ја освоил во голем стил, реванширајќи му се на Фитипалди, истовремено оставајќи го Петресон на третата позиција. Трофејот бил обезбеден во Монца, а со тоа е поврзана и посебна случка. Откако на загревањето имало проблеми со моторот на Стјуарт, Север, незадоволен од тоа што во неговиот болид одново бил вграден истиот мотор од претходната трка, предложил Џеки да го добие неговиот агрегат, а кај него да биде вграден новиот, кој бил предвиден за резерва. Во трката која што отсекогаш била позната како уништувачка за моторите, Стјуарт неколкупати го соборувал рекордот на патеката, за да го надополни заостатокот поради непланираното застанување во боксот, а згора на се, го претекнал и Север. Французинот “му симнал капа” на Шкотланѓанецот кој со тоа чтврто место докажал дека го заслужува тронот. Но, препознатливата радост на крајот од сезоната - изостанала. На квалификациите за последната трка во американскиот Воткинс Глен настрадал Франсоа Север. Стјуарт му ја посветил титулата, се повлекол од трката (како и Крис Амон), а подоцна решил и да не ја продолжува кариерата. Фитипалди уште еднаш ја покажал моќта на младите сили враќајќи ја круната во 74-та (иако преминал во Мекларен), а главни противници му биле токму неговите врсници, Регацони и Шектар. Наспроти тоа, во 75-та во полн сјај блеснал раскошниот талент на вториот ингениозен Австриец, зад воланот на најбрзите светски автомобили, Ники Лауда. Тој се издвоил од плејадата млади хазардери, возејќи секогаш со огромна концентрација и со самореспектирањето наместо стравопочит кон авторитетот на постарите, особено кон сопствениците на екипите. Стапувањето на сцена на новиот шампион е проследено со заминување на еден од постарата генерација - Грем Хил, кој по првите две трки во 75-та се повлекол од асфалтните патеки, а настрадал во авионска несреќа кон крајот на истата година. Двобоите на Лауда со Џејмс Хант внеле нова живост во Светското првенство.Во 76-та по спектакуларниот инцидент на тогаш актуелниот првак во Нирбург, предноста од 35 поени во отсуство на Австриецот била достигната, а во одлучувачката последна трка Лауда му го ослободил патот кон трофејот на Англичанецот, повлекувајќи се од поплавениот автодром во јапонскиот Фуџи. Сезоната бил аобележана и со појавата на Тајреловиот П34 (Пројецт 34), прво возило во светските првенства што имало шест тркала. Наездата од нови регрути во карванот, меѓу кои и новиот тим на Валтер Волф кој дебитирал во 77-та со победа (Џоди Шектар) во Аргентина, не го спречила Австриецот во освојувањето на втората титула во таа година. За следната сезона се решил да ја прифати поканата од Бребем Алфа, но доцна ја препознал грешката. Лотус повторно го имал најдобриот болид, што резултирало со титулата за Марио Андрети. Истовремено била потврдена и тезата за најранливо возило, откако Рони Петерсон го загубил животот во Монца, по стартот на трката. Тоа воедно бил последен трагичен настан во деценијата, по загинувањата на Р. Вилијамсон на трката за Големата награда на Холандија во 73-та, Х. Коиниг во Воткинс Глен во 74-та, Марк Донахју во австрискиот Остерајхринг во 75-та и несреќата на Том Пријс во јужноафриканскиот Киелами во 77-та. Настани во кои исто така имало жртви се и излетувањата на Ролф Штомелен ( ГН Шпанија 75-та) и на Жил Вилнев (ГН Јапонија 77-та) при кои страдале гледачи и редари. Ферари се повратил од “Лауда-кризата”, освојувајќи ја својата се уште последна титула со Џоди Шектар во 79-та. Појавата на турбо моторите лесно ја дефинирала иднината. Следната деценија била комплетно обележана со нивното постоење, давајќи први знаци на совршеност во комбинацијата “мотор-аеродинамика”. И, “новите клинци” веќе станале зрели за пензија, со извесни исклучоци со кои бил оставен отворен простор за некои други нови дечки да го втиснат својот жиг на новата ера.ШАМПИОНИ 1970 - 1979 1970 Возачи 1. Ј. Ринт 45 2. Џ. Икс 40 3. К.Регацони 33 Конструктори 1. Лотус 59 2. Ферари 55 3. Марч 48 1971 Возачи 1. Џ. Стјуарт 62 2. Р. Петерсон 33 3. Ф. Север 26 Конструктори 1. Тајрел 73 2. БРМ 36 3. Марч 34 1972 Возачи 1. Е. Фитипалди 61 2. Џ. Стјуарт 45 3. Д. Хјулм 39 Конструктори 1. Лотус 61 2. Тајрел 51 3. Мекларен 47 1973 Возачи 1. Џ. Стјуарт 71 2. Е. Фитипалди 55 3. Р. Петерсон 52 Конструктори 1. Лотус 92 2. Тајрел 82 3. Мекларен 58 1974 Возачи 1. Е. Фитипалди 55 2. К. Регацони 52 3. Џ. Шектар 45 Конструктори 1. Мекларен 73 2. Ферари 65 3. Тајрел 52 1975 Возачи 1. Н. Лауда 64,5 2. Е. Фитипалди 45 3. К. Ројтеман 37 Конструктори 1. Ферари 72,5 2. Бребем 54 3. Мекларен 53 1976 Возачи 1. Џ. Хант 69 2. Н. Лауда 68 3. Џ. Шектар 49 Конструктори 1. Ферари 83 2. Мекларен 74 3. Тајрел 71 1977 Возачи 1. Н. Лауда 72 2. Џ. Шектар 55 3. М. Андрети 47 Конструктори 1. Ферари 95 2. Лотус 62 3. Мекларен 60 1978 Возачи 1. М. Андрети 64 2. Р. Петерсон 51 3. К. Ројтеман 48 Конструктори 1. Лотус 86 2. Ферари 58 3. Бребем 53 1979 Возачи 1. Џ. Шектар 51 (60) 2. Ж. Вилнев 47 (53) 3. А. Џоунс 40 (43) Конструктори 1. Ферари 113 2. Вилијамс 75 3. Лижје 61 |









Светот секогаш останува на младите. Секој почеток на нова деценија од светските првенства исфрлувал нови таленти кои, благодарение на бескомпромисната желба за успех, секогаш имале адут повеќе против постарите и поискусните колеги.
Патем, во елитата на взоачите се вклучиле Ники Лауда и Џоди Шектар, а нешто подоцна е формирана и екипата на Вилијамс. Стјуарт го освоил вицешампионското место, но веќе следната сезона пак ја прекинал победничката серија на Лотус. Третата титула ја освоил во голем стил, реванширајќи му се на Фитипалди, истовремено оставајќи го Петресон на третата позиција. Трофејот бил обезбеден во Монца, а со тоа е поврзана и посебна случка. Откако на загревањето имало проблеми со моторот на Стјуарт, Север, незадоволен од тоа што во неговиот болид одново бил вграден истиот мотор од претходната трка, предложил Џеки да го добие неговиот агрегат, а кај него да биде вграден новиот, кој бил предвиден за резерва. Во трката која што отсекогаш била позната како уништувачка за моторите, Стјуарт неколкупати го соборувал рекордот на патеката, за да го надополни заостатокот поради непланираното застанување во боксот, а згора на се, го претекнал и Север. Французинот “му симнал капа” на Шкотланѓанецот кој со тоа чтврто место докажал дека го заслужува тронот. Но, препознатливата радост на крајот од сезоната - изостанала. На квалификациите за последната трка во американскиот Воткинс Глен настрадал Франсоа Север. Стјуарт му ја посветил титулата, се повлекол од трката (како и Крис Амон), а подоцна решил и да не ја продолжува кариерата. Фитипалди уште еднаш ја покажал моќта на младите сили враќајќи ја круната во 74-та (иако преминал во Мекларен), а главни противници му биле токму неговите врсници, Регацони и Шектар. Наспроти тоа, во 75-та во полн сјај блеснал раскошниот талент на вториот ингениозен Австриец, зад воланот на најбрзите светски автомобили, Ники Лауда. Тој се издвоил од плејадата млади хазардери, возејќи секогаш со огромна концентрација и со самореспектирањето наместо стравопочит кон авторитетот на постарите, особено кон сопствениците на екипите. Стапувањето на сцена на новиот шампион е проследено со заминување на еден од постарата генерација - Грем Хил, кој по првите две трки во 75-та се повлекол од асфалтните патеки, а настрадал во авионска несреќа кон крајот на истата година. Двобоите на Лауда со Џејмс Хант внеле нова живост во Светското првенство.
Истовремено била потврдена и тезата за најранливо возило, откако Рони Петерсон го загубил животот во Монца, по стартот на трката. Тоа воедно бил последен трагичен настан во деценијата, по загинувањата на Р. Вилијамсон на трката за Големата награда на Холандија во 73-та, Х. Коиниг во Воткинс Глен во 74-та, Марк Донахју во австрискиот Остерајхринг во 75-та и несреќата на Том Пријс во јужноафриканскиот Киелами во 77-та. Настани во кои исто така имало жртви се и излетувањата на Ролф Штомелен ( ГН Шпанија 75-та) и на Жил Вилнев (ГН Јапонија 77-та) при кои страдале гледачи и редари. Ферари се повратил од “Лауда-кризата”, освојувајќи ја својата се уште последна титула со Џоди Шектар во 79-та. Појавата на турбо моторите лесно ја дефинирала иднината. Следната деценија била комплетно обележана со нивното постоење, давајќи први знаци на совршеност во комбинацијата “мотор-аеродинамика”. И, “новите клинци” веќе станале зрели за пензија, со извесни исклучоци со кои бил оставен отворен простор за некои други нови дечки да го втиснат својот жиг на новата ера.
