Ф1 Алманах Формула1 Текстови Редукција на воздушниот отпор или на талентот?
ДЕБАТА:
Редукција на воздушниот отпор или на талентот?
PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 5.00 од 5)
Среда, 06 Април 2011 13:27
Bookmark and Share

alonso_pred_lotus_600_avstralija_2011Се повеќе инсајдери од Формула 1, но и самите возачи, влегуваат во отворена дебата околу користењето на ДРС (систем за намалување на воздушниот отпор), при што преку медиумите испраќаат и порака до светската автомобилистичка федереација која што ја регулира правната страна на спортот.

Статистичарите изброиле дека во 2011 година на Алберт Парк имало 42 престигнувања, од кои 27 биле по крајот на првиот круг. Споредено со трката во 2010 година на истата патека, возена во променливи временски услови, тоа значи дека имало три престигнувања повеќе, и во однос на вкупниот број, но и три повеќе споредувано само со оние по првиот круг. За разлика од лани, оваа година во вториот дел од трката имало само две престигнувања, што укажува дека маневрите претежно биле од оние возачи кои имале лош старт (Алонсо, Баричело и Алгуерсуари).

Фелипе Маса во пресрет на малезиската трка, а во очекување на инструкциите на ФИА за користење на подвижното задно крило, изјави дека посакува тоа да не се користи премногу.

- Во моментов планот е да се користи само на стартно целната рамнина, но во Сепанг правецот кој што води до последниот свиок е всушност подолг. Вистина е дека тој ќе даде и подобри шанси за престигнување. Ја очекуваме конечната одлука од ФИА за да видиме дали ќе го користиме системот на првиот правец, на последниот, или на двата. Вистинската одлука може да ја направи трката поинтересна за гледачите и за возачите. Лично, не сум сигурен дека употребата на ДРС на двата правци е најдобрата опција, бидејќи може да го направи престигнувањето многу лесно. Потребно е да се има баланс меѓу помошта за престигнување и правењето на престигнувањето премногу лесно,- вели Бразилецот во интервју за тимскиот веб сајт.

Заменикот технички директор, Пет Фрај, објаснува дека перформансите кои што се добиваат од употребата на системот се меѓу 20 и 25 километри на час кај повеќето екипи. Според него, главното нешто во таа приказна е позиционирањето, бидејќи дозвола за употреба на системот имаат само оние возачи кои имаат болид пред себе, притоа разликата меѓу нив да биде помала од една секунда.

- Мислам дека ова го прави престигнувањето полесно, особено ако си заглавен и се обидуваш да ги престигнеш побавните болиди, но како што видовме во Мелбурн, се уште е тешко да престигнеш болид со слични перформанси како својот. Потребно е да се биде околу три десетинки зад болидот што е пред тебе, гледано на последниот свиок пред правецот на кој што системот смее да се употреби, за да се има шанса да се излезе напред на крај од стартно целната рамнина,- објаснува Фрај.

alonso_pred_masa_pit_exit_600_avstralija_2011

Џони Херберт беше четврти стјуарт во Мелбурн, продолжувајќи ја праксата да има поранешен возач меѓу тројцата претставници на ФИА, па мораше да одлучува и за казната на сонародникот Џенсон Батон (поради сечењето на патеката при престигнувањето на Маса), но и за дисквалификацијата на Заубер, екипата во која помина голем дел од кариерата. По прашањето на ДРС (систем за редукција на воздушниот отпор), Херберт очекува дека на следните трки уште повеќе ќе се види неговиот придонес.

- Кога идејата беше изнесена, не беше за да има престигнувања без проблем, ниту пак само да те направи 20 километри на час побрз за да можеш лесно да поминеш. Мислам дека она што го видовме во Австралија беше дека задното крило помогна (да се подобри шоуто – н.з.), не видовме многу престигнувања со него, но сметам дека може да биде подобро сетирано и да се користи два пати за да биде полесно да се освои позицијата на друг правец. Тоа не е лоша работа, возачите нема да имаат проблем до крајот на сезоната поради тоа што треба да притиснат уште едно копче. Не знам што мислат другите, но за мене тоа ќе биде од помош на некои патеки,- вели Херберт во својата оценка на првата трка.

Наспроти ова, трикратниот светски првак Ники Лауда ја нарече оваа идеја најлуда што некогаш била изумена, а дека престигнувањето треба да биде оставено на возачкиот талент.

- Крилото е многу глупава идеја! Престигнувањето треба да биде направено од возачот, самостојно, по негова одлука, а не со сигнализација од ФИА и зелено светло во кокпитот што ќе му кажува да го подигне крилото нагоре или надоле. Никогаш не би вовел ваква работа. Ова е со сигурност најлудата идеја што некогаш била измислена,- гласи гневниот коментар на поранешниот шампион.

Светската автомобилистичка организација ќе ги разгледува ефектите од системот за намалување на воздушниот отпор по кинеското гран при. Техничкиот делегат на ФИА, воедно и директор на трките, Чарли Вајтинг, ја потврдил оваа информација, но без коментар дали е можно во текот на сезоната тоа правило да се укине или не.

 

ГН Монако (23-27 мај)

Четврток


Тренинг 1
10:00 - 11:30
Тренинг 2
14:00 - 15:30
Сабота
Тренинг 3
11:00 - 12:00
Квалификации 14:00
Недела
Трка 14:00
1.  Австралија 16-18 мар
2.  Малезија 23-25 мар
3.  Кина 13-15 апр
4.  Бахраин 20-22 апр
5.  Шпанија 11-13 мај
6.  Монако 24-27 мај
7.  Канада 08-10 јун
8.  Европа 22-24 јун
9.  Британија 06-08 јул
10.  Германија 20-22 јул
11.  Унгарија 27-29 јул
12.  Белгија 31-02 сеп
13.  Италија 07-09 сеп
14.  Сингапур 21-23 сеп
15.  Јапонија 05-07 окт
16.  Кореја 12-14 окт
17.  Индија 26-28 окт
18.  Абу Даби 02-04 ное
19.  САД 16-18 ное
20.  Бразил 23-25 ное
01. Себастијан Фетел 61
02. Фернандо Алонсо 61
03. Луис Хамилтон 53
04. Кими Раиконен 49
05. Марк Вебер 48
06. Џенсон Батон 45
07. Нико Розберг 41
08. Роман Грожан 35
09. Пастор Малдонадо 29
10. Серхио Перез 22
11. Камуи Кобајаши 19
12. Пол ди Реста 15
13. Бруно Сена 14
14. Жан Ерик Верње
4
15. Нико Хулкенберг
3
16. Даниел Рикиардо
2
17. Фелипе Маса
2
18. Михаел Шумахер
2
19. Тимо Глок
0
20. Шарл Пик
0
21. Виталиј Петров
0
22. Хеики Ковалаинен
0
23. Педро де ла Роса 0
24. Нарајан Картикијан
0
01. Ред Бул
109
02. Мекларен Мерцедес
98
03. Лотус Рено
84
04. Ферари
63
05. Мерцедес АМГ
43
06. Вилијамс Рено 43
07. Заубер Ферари 41
08. Сахара Форс Индија
18
09. Скудерија Торо Росо 6
10. Марусија Ф1 0
11. ХРТ Ф1 0
12. Кетерхем Ф1 0
Campaign

Анкета

Дали е ова последна сезона за Фелипе Маса?