Ф1 Алманах Формула1 Текстови ФИА имала закани со протести
ОБЈАСНУВАЊЕ:
ФИА имала закани со протести
PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 5.00 од 5)
Недела, 26 Јуни 2011 14:23
Bookmark and Share

charlie_whiting_deli_pravda_600Техничкиот делегат на ФИА, Чарли Вајтинг, откри дека најмалку еден тим од Формула 1 се заканувал со протест против легалноста на употребата на мапирањето на моторите поради аеродинамички причини.

Федерацијата објави дека ќе ја забрани употребата на мапирањето и на спуштените дифузери, но си даде повеќе време за конечната одлука. Во соопштението на ФИА напишано во форма на прашање и одговори со Чарли Вајтинг тој открива дека за време на трката во Монако имале ситуација во која што добиле закани со протест против легалноста.

- Екипите немаат дозвола да прават никакви промени преку компјутерот што го приклучуваат на болидот. Возачите имаат дозвола да ги менуваат нештата преку нивниот волан, но единечниот електронски контролен уред дозволува само фино тунирање,- објаснува Вајтинг за новите промени, додавајќи дека ФИА ќе им даде на екипите листа на нешта кои смеат да ги прават кога ќе се конектираат со компјутерот.

Досегашното мапирање на моторот се одвивало преку електронскиот контролен уред, а сега таму нема да имаат можност да зачуваат извесни мапи кои што немаат намера да ги користат во текот на трката. Тој одрекува дека ФИА ги менува правилата, велејќи дека издувните гасови се таму поради согорувањето на горивото во моторот и правилата не ги спречуваат екипите тие и натаму да ги користат без посебни сетирања.

- Не е на нас да кажеме дали еден тим ќе биде повеќе оштетен од друг со оваа забрана, се зависи од тоа кој е поекстремен во мапирањето. Имам видено неколку примери од повеќе екипи кои што се навистина екстремни. За време на дебатите слушнав дека екстремните мапи можат да дадат и до половина секунда по круг, но тоа варира од болид до болид,- објаснува техничкиот делегат на ФИА. – Знаеме дека издувните гасови имаат влијание врз аеродинамичките перформанси на возилото и го прифаќаме тоа. Поентата е дека дизајнот не треба да се користи за да му се даде на издувот сосема поинаква причина за постоење, па аеродинамиката да биде примарна, наместо секундарна. Не сакаме да влијаеме врз системите на болидот кои се легални, како на пример моторното сопирање (преку мапирање – з.а.), но сакаме да бидеме сигурни дека тоа не се злоупотребува. Ние велиме дека ако педалот за гас не е притиснат, тогаш моторот не смее да има повеќе од 10% при 12.000 вртежи или 20% при 18.000 вртежи. Еден производител на мотори ни бара поголем лимит поради нивни единствени причини. Ние сме во состојба да го провериме тоа преку контрола на мапите од 2009 година, кога екипите немаа издувни системи како денешните. Ако тие имаат потреба од 28% при 18.000 вртежи за да остварат нула влеча од моторот, тогаш тоа може да биде разумно,- открива Вајтинг.

charlie_whiting_600_nepoznato

Податоците од минатото ќе и бидат од корист на ФИА и при следењето на екстремната употреба на свеќичките во процесот на палење и долевање гориво. Вајтинг најави мониторинг заради бележење на небалансираната употреба, што е една од одликите при користењето на мапирањето на моторот во квалификациите. Околу рокот на стапување на забраната во сила, Вајтинг смета дека било потребно време за да се направи посилен случај во смисла на обезбедување на повеќе докази околу нелегалната употреба.

- Сите го прават истото до извесен степен, па мислам дека треба да бидеме разумни околу ова и да пристапиме на практичен начин за да ја имаме ситуацијата под контрола. Свесен сум за она што се пишува (околу политизирањето на одлуката за промени во правилата среде сезона – з.а.), но морам да бидам искрен дека ова е техничка интервенција со која што сум перфектно комфорен. Ф-каналот и двојниот дифузер беа легални и во нивните случаи тимовите разговараа со нас зошто тие не се добри за Формула 1, па затоа ги забранивме. Но, тие беа во склад со правилата и затоа останаа до крајот на сезоната,- вели Вајтинг, што е јасен одговор на прашањата кои во печатот му ги упати Кристијан Хорнер од Ред Бул.

Надвор од објавеното соопштение на ФИА, англискиот магазин Аутоспорт објавува и изјава на техничкиот делегат на ФИА, каде што оваа ситуација ја споредува со онаа во 2006 година, кога беа забранети амортизерите на Рено. Тој тврди дека при првата употреба тие немале никаква аеродинамичка улога, но нивниот диајн еволуирал во поекстремен.

- Имаше по четири-пет амортизери на болидот кои беа користени за подобрување на аеродинамиката. Овие нешта можат да ескалираат и тогаш нешто мора да се направи. Кај амортизерите го заземавме комплетно истиот пристап. Не ги сменивме правилата, туку ги спречивме луѓето да ги прекршуваат,- рекол Вајтинг.

Вајтинг повеќе од една деценија ги извршува врвните функции на ФИА, како технички делегат, директор на трката и стартер, при што беше во центарот на вниманието на некои афери кои имаа влијание врз борбата за шампионската титула, како во 2008 година кога го казни Хамилтон за престигнувањето на Раиконен во Белгија.

 

ГН Монако (23-27 мај)

Четврток


Тренинг 1
10:00 - 11:30
Тренинг 2
14:00 - 15:30
Сабота
Тренинг 3
11:00 - 12:00
Квалификации 14:00
Недела
Трка 14:00
1.  Австралија 16-18 мар
2.  Малезија 23-25 мар
3.  Кина 13-15 апр
4.  Бахраин 20-22 апр
5.  Шпанија 11-13 мај
6.  Монако 24-27 мај
7.  Канада 08-10 јун
8.  Европа 22-24 јун
9.  Британија 06-08 јул
10.  Германија 20-22 јул
11.  Унгарија 27-29 јул
12.  Белгија 31-02 сеп
13.  Италија 07-09 сеп
14.  Сингапур 21-23 сеп
15.  Јапонија 05-07 окт
16.  Кореја 12-14 окт
17.  Индија 26-28 окт
18.  Абу Даби 02-04 ное
19.  САД 16-18 ное
20.  Бразил 23-25 ное
01. Себастијан Фетел 61
02. Фернандо Алонсо 61
03. Луис Хамилтон 53
04. Кими Раиконен 49
05. Марк Вебер 48
06. Џенсон Батон 45
07. Нико Розберг 41
08. Роман Грожан 35
09. Пастор Малдонадо 29
10. Серхио Перез 22
11. Камуи Кобајаши 19
12. Пол ди Реста 15
13. Бруно Сена 14
14. Жан Ерик Верње
4
15. Нико Хулкенберг
3
16. Даниел Рикиардо
2
17. Фелипе Маса
2
18. Михаел Шумахер
2
19. Тимо Глок
0
20. Шарл Пик
0
21. Виталиј Петров
0
22. Хеики Ковалаинен
0
23. Педро де ла Роса 0
24. Нарајан Картикијан
0
01. Ред Бул
109
02. Мекларен Мерцедес
98
03. Лотус Рено
84
04. Ферари
63
05. Мерцедес АМГ
43
06. Вилијамс Рено 43
07. Заубер Ферари 41
08. Сахара Форс Индија
18
09. Скудерија Торо Росо 6
10. Марусија Ф1 0
11. ХРТ Ф1 0
12. Кетерхем Ф1 0
Campaign

Анкета

Дали е ова последна сезона за Фелипе Маса?