Ф1 Алманах Формула1 Текстови Без освоен бод до 25 милиони долари
УСПЕХ:
Без освоен бод до 25 милиони долари
PDF Печати Е-пошта
(5 гласови, просечно 5.00 од 5)
Недела, 27 Ноември 2011 22:52
Bookmark and Share

toni_fernandes_speech_600_brazil_2011Шефот на Тим Лотус (Кетерхам), Тони Фернандез изјави дека обезбедувањето на десеттото место во генералниот пласман на конструкторите, ќе има клучна улога за нивната иднина бидејќи ќе им донесе дополнителни приходи, кои во овој момент се од суштествено значење за младата екипа.

Покрај преименувањето на тимот во Кетерхам за 2012 година, пласманот ќе им обезбеди и дополнителни 25 милиони долари комерцијални приходи. Услов за ова беше по завршувањето на трката во Бразил тие да го задржат 10то место во генералниот пласман.
- Очигледно е дека ни се потребни дополнителни средства, иако морам да признаам дека имаме неколку добро спонзори и уште дел кои ќе ги објавиме наредната година. Изненаден сум што успеавме да напредуваме, па сега има повеќе заинтересираност да се спонзорира нашиот тим. Тие ја сакаат нашата стратегија и приказна, како и фактот што сме присутни и во Азија,- изјави Фернандез.

Тим Лотус до овој пласман стигна благодарение на трите пласмани на 13 место на Ковалаинен и Трули, на трките во Австралија, Монако и Италија. Овие резултати се направени во споредба со единствениот пласман на 13 позиција на ХРТ во Канада од страна на Лиуци, додека Вирџин има два пласмани на 14 место. Сепак, благодарение на пактот со Еклстоун, ХРТ и Вирџин ќе добијат по 10 милиони долари, наспроти правилата кои велат дека Берни е должен да им исплати средства само на најдобрите десет екипи, како дел од колачот што тој го наплаќа од телевизиските куќи низ светот во име на ТВ правата за директни преноси.

Фернандез најави дека и наредната година тие ќе ги задржат боите по кои тимот е препознатлив, зелената и жолтата, без разлика што ќе го променат името во Катерхам. Тимот се реши на овој потег по низата конфротации со нивниот ривал Груп Лотус во поглед на името, но смета дека вака ќе го одржи традиционалниот британски „изглед“. На крај тој се закани на сите останати тимови кои што се обидуваат да го „украдат“ Ковалаинен за наредната сезона. Неговата добра форма оваа сезона ги заинтересира дел од останатите тимови и тие се заинтересирани тој за вози за нив наредната сезона, без разлика што тој веќе има договор со Тим Лотус. Иако тој има излезна клаузула која што му обезбедува излез од тимот доколку добие понуда од покомпетитивен тим, сепак Фернандез стави до знаење дека Финецот не си заминува.

tony_heikki_jarno_600_malezija_2011

- Мислам дека можеме да кажеме дека и ние имаме заслуга за тоа како напредува Ковалаинен, а знам дека тој ќе биде прв да го каже тоа. Тој е среќен овде, и во моментов вози подобро од кога било. Работевме многу напорно и му пруживме многу љубов и внимание. Навистина би сакал да го видам во подобар болид наредната година, и знам дека ќе се обидиме на секој начин да го задржиме, - објасни Фернандез, најавувајќи дека ја известиле ФИА оти ќе го задржат и Трули.

Во насока на амбициозните планови за иднината е и веста дека кон Кетерхам се приклучува и поранешниот шеф на аеродинамика од Ферари и Мекларен, Џон Ајли. Оваа вест во Бразил ја откри шефот на Мекларен, Мартин Витмарш, кој изјави за Ројтерс дека добил барање за трансфер, но Ајли се уште ја нема завршно својата работа во Мекларен, наспроти желбата на Фернандез тој да им се придружи побрзо со цел да придонесе во конструирањето на новиот болид. Ајли би требало да добие повисока позиција како директор на одделот за перформанси, покрај техничкиот гури на тимот, Мајк Гаскоњ. Претходно, Стив Нилсен од Лотус Рено беше објавен како спортски директор.

 

ГН Монако (23-27 мај)

Четврток


Тренинг 1
10:00 - 11:30
Тренинг 2
14:00 - 15:30
Сабота
Тренинг 3
11:00 - 12:00
Квалификации 14:00
Недела
Трка 14:00
1.  Австралија 16-18 мар
2.  Малезија 23-25 мар
3.  Кина 13-15 апр
4.  Бахраин 20-22 апр
5.  Шпанија 11-13 мај
6.  Монако 24-27 мај
7.  Канада 08-10 јун
8.  Европа 22-24 јун
9.  Британија 06-08 јул
10.  Германија 20-22 јул
11.  Унгарија 27-29 јул
12.  Белгија 31-02 сеп
13.  Италија 07-09 сеп
14.  Сингапур 21-23 сеп
15.  Јапонија 05-07 окт
16.  Кореја 12-14 окт
17.  Индија 26-28 окт
18.  Абу Даби 02-04 ное
19.  САД 16-18 ное
20.  Бразил 23-25 ное
01. Себастијан Фетел 61
02. Фернандо Алонсо 61
03. Луис Хамилтон 53
04. Кими Раиконен 49
05. Марк Вебер 48
06. Џенсон Батон 45
07. Нико Розберг 41
08. Роман Грожан 35
09. Пастор Малдонадо 29
10. Серхио Перез 22
11. Камуи Кобајаши 19
12. Пол ди Реста 15
13. Бруно Сена 14
14. Жан Ерик Верње
4
15. Нико Хулкенберг
3
16. Даниел Рикиардо
2
17. Фелипе Маса
2
18. Михаел Шумахер
2
19. Тимо Глок
0
20. Шарл Пик
0
21. Виталиј Петров
0
22. Хеики Ковалаинен
0
23. Педро де ла Роса 0
24. Нарајан Картикијан
0
01. Ред Бул
109
02. Мекларен Мерцедес
98
03. Лотус Рено
84
04. Ферари
63
05. Мерцедес АМГ
43
06. Вилијамс Рено 43
07. Заубер Ферари 41
08. Сахара Форс Индија
18
09. Скудерија Торо Росо 6
10. Марусија Ф1 0
11. ХРТ Ф1 0
12. Кетерхем Ф1 0
Campaign

Анкета

Дали е ова последна сезона за Фелипе Маса?