Ф1 Алманах Формула1 Текстови Битка за тест седиштата
ТРАНСФЕРИ:
Битка за тест седиштата
PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од 5)
Вторник, 20 Декември 2011 16:10
Bookmark and Share

bruno_senna_so_kaciga_600_abu_dhabi_2011Со ангажманот на неколку нови возачи во Формула 1, како и со враќањето на светскиот првак Кими Раиконен, некои од редовните возачи оваа година ќе мора да ја минат како тест возачи, чекајќи подобра шанса.

Секако, и во борбата за овие седишта некои гледаат можност за подобра шанса и истакнување на своите потенцијали. Ф1 Алманах подготви куса анализа на актуелната состојба, поделена во три групи, онака како што публиката ги перцепира тимовите според перформансите: прва лига, златна средина и „фенерџии“. Имајќи предвид дека доаѓаат зимските тестирања, а ФИА одобри и еден тест за сите тимови пред почетокот на европскиот дел на сезоната што ќе се вози на Муџело, тест возачите дефинитивно ќе имаат можност да извозат повеќе километри од лани.

Ред Бул го именуваше својот трет возач Даниел Рикиардо како возач за Торо Росо, па има испразнето место. Можно е тоа да му го довери на едн од досегашните пилоти во СТР, Буеми или Алгуерсуари, доколку се појави потреба некој од нив да влезе во игра и за замени некого од првиот тим во случај на спреченост. Слична е ситуацијата и во Мекларен, каде што досегашниот тестер и официјален трет возач, Педро де ла Роса, сега премина во Хиспанија. Гери Пафет е на хартија единствен, но неговата кариера се одвива далеку од Формула 1, во ДТМ серијата. Оттука, нема да биде изненадување доколку Мекларен донесе позвучно име, бидејќи тоа го практикувал и во минатото со ангажманите на искусните Оливие Пани и Александер Вурц. Се смета дека најмногу шанси имаат Бруно Сена и Адријан Зутил, но се уште се мониторира кој возач ќе има ангажман за догодина, бидејќи пилоти како Баричело и Хајдфелд е можно да останат без повторен договор. Од првите екипи, најмалку главоболки по ова прашање има Ферари, кој покрај тоа што има неколку млади возачи во својата јуниор програма, кон својот ростер ги има искусните Џанкарло Физикела и Марк Хене. Повеќето шпекулации поврзани со Ферари се однесуваат на можниот ангажман на наследник на Фелипе Маса, кому ова му е последна сезона од договорот, па можен е влез на таквиот наследник евентуално низ формата на трет возач. Роберт Кубица е често спомнувано име, но по напуштањето на Форс Индија, Адријан Зутил исто така е фреквентно вртена комбинација, иако се чини дека неговите „акции“ најдобро котираат во Мерцедес. Таму Розберг и Шумахер го имаа Хајдфелд, но тој најпрвин стана тест возач на Пирели, а потоа седна зад воланот на Рено. Имајќи предвид дека и двајцата возачи се Германци, а Зутил го има истото државјанство, можно е да има предност во однос на другите кандидати.

vitali_petrov_last_race_600_brazil_2011

Меѓу екипите од средината, се чини дека само Вилијамс има чиста ситуација бидејќи го потврди Валтери Ботас како резервен возач, заедно со продолжувањето на договорот на Малдонадо. Таму останува дилемата дали Баричело ќе биде и натаму лидер на екипата, или откако Раиконен замина во Лотус Рено, некој од другите слободни возачи ќе успее да го истисне Бразилецот благодарение на подобрата финансиска поддршка. Еден од фаворитите е Виталиј Петров, но останува да се сочека крајот на преговорите. Пополнето е и местото во Заубер, каде што Естебан Гутиерез дојде во пакет со Серхио Перез преку младинската школа поддржана од мексиканскиот телеком. Оттука, најголема ќе биде борбата за тест седиштата во Лотус Рено и Форс Индија, каде што досегашните резервни возачи беа промовирани во нови пилоти: Грожан и Хулкенберг. Согласно досегашната „политика“ на овие две екипи, можно е да се претпостави дека евентуалните ангажмани би им припаднале на возачи кои тоа можат да си го дозволат преку спонзори, или пак би дошле од партнерските компании кои поддржуваат млади возачи. Сопствениците на Лотус Рено преку Гении Капитал се менаџери на неколку помлади возачи меѓу кои и Жером Д`Амброзио кој возеше за Вирџин Марусија, но не смее да се занемари и присуството на малезиската компанија Протон, бидејќи кога тие беа во Лотус тимот основан од Тони Фернандез, таму го форсираа Фејрус Фаузи. Што се однесува до Торо Росо, имајќи предвид дека и двата именувани возачи се млади и досега извршуваа улога на тестери, голема е веројатноста дека Рикиардо и Верње ќе ги добијат сите можности самостојно да стекнат поголемо искуство на асфалтот.

На опашката на колоната се ребрендираниот Кетерхем, каде што тест возач беше Индиецот Карун Чандок, а голема е веројатноста тој да остане таму бидејќи екипата влегува во последната година од договорот со Јарно Трули. Доколку се ангажира друг тестер, тоа би можело да биде со идеја тој да го наследи италијанскиот ветеран, бидејќи и оваа година Чандок доби шанса на една трка да го замени Трули. Во Хиспанија моментално се уште немаат втор возач покрај Педро де ла Роса, но досегашното искуство покажало дека екипата секогаш имала трет возач и секогаш му давала шанса покрај првите двајца. Наспроти ова, ребрендираната Марусија за 2012 го ангажираше Шарл Пик покрај искусниот Тимо Глок, па мала е можноста за евентуален ангажман на уште еден млад пилот.

За очекување е најпрвин да се решат прашањата на возачките седиште, а потоа и ангажманите на поголемите возачки имиња без ангажман за 2012 година (Баричело, Хајдфелд, Зутил, Петров, Сена, Буеми, Алгуерсуари, Лиуци, Картикјан), за на крај да останат седиштата достапни за оние со спонзорски средства.

buemi_alguersuari_avtogrami_600_indija_2011

 

ГН Монако (23-27 мај)

Четврток


Тренинг 1
10:00 - 11:30
Тренинг 2
14:00 - 15:30
Сабота
Тренинг 3
11:00 - 12:00
Квалификации 14:00
Недела
Трка 14:00
1.  Австралија 16-18 мар
2.  Малезија 23-25 мар
3.  Кина 13-15 апр
4.  Бахраин 20-22 апр
5.  Шпанија 11-13 мај
6.  Монако 24-27 мај
7.  Канада 08-10 јун
8.  Европа 22-24 јун
9.  Британија 06-08 јул
10.  Германија 20-22 јул
11.  Унгарија 27-29 јул
12.  Белгија 31-02 сеп
13.  Италија 07-09 сеп
14.  Сингапур 21-23 сеп
15.  Јапонија 05-07 окт
16.  Кореја 12-14 окт
17.  Индија 26-28 окт
18.  Абу Даби 02-04 ное
19.  САД 16-18 ное
20.  Бразил 23-25 ное
01. Себастијан Фетел 61
02. Фернандо Алонсо 61
03. Луис Хамилтон 53
04. Кими Раиконен 49
05. Марк Вебер 48
06. Џенсон Батон 45
07. Нико Розберг 41
08. Роман Грожан 35
09. Пастор Малдонадо 29
10. Серхио Перез 22
11. Камуи Кобајаши 19
12. Пол ди Реста 15
13. Бруно Сена 14
14. Жан Ерик Верње
4
15. Нико Хулкенберг
3
16. Даниел Рикиардо
2
17. Фелипе Маса
2
18. Михаел Шумахер
2
19. Тимо Глок
0
20. Шарл Пик
0
21. Виталиј Петров
0
22. Хеики Ковалаинен
0
23. Педро де ла Роса 0
24. Нарајан Картикијан
0
01. Ред Бул
109
02. Мекларен Мерцедес
98
03. Лотус Рено
84
04. Ферари
63
05. Мерцедес АМГ
43
06. Вилијамс Рено 43
07. Заубер Ферари 41
08. Сахара Форс Индија
18
09. Скудерија Торо Росо 6
10. Марусија Ф1 0
11. ХРТ Ф1 0
12. Кетерхем Ф1 0
Campaign

Анкета

Дали е ова последна сезона за Фелипе Маса?