Ф1 Алманах Формула1 Текстови ФИА стана дел од ИОК
ФИА стана дел од ИОК
PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од 5)
Четврток, 12 Јануари 2012 12:02
Bookmark and Share

olimpiski_krugovi_600_logoПретседателот на Интернационалниот олимписки комитет, Жак Рог, со писмо ја известил светската автомобилистичка федерација ФИА дека таа е признаена од нивна страна.

Според документот, ФИА подеднакво силно ги споделува спортските вредности и се труди да развива подобра комуникација меѓу општествата низ светот. Со ова признание, ФИА ја потврдува својата посветеност да ја почитува Олимписката повелба, со особен акцент на неколку точки.

- да се воведат и спроведат, во согласност со олимпискиот дух, правила кои се однесуваат на применувањето на спортот и да се обезбеди нивната примена

- да се обезбеди развој на спортот низ целиот свет

- да се придонесе во постигнувањата зацртани во Олимписката повелба, посебно грижејќи се за олимписките вредности и олимпиското образование

Признавањето на ФИА како дел од семејството на ИОК е провизорно за период од две години. Како дел од условите за полноправно членство е воспоставување на таканаречена Комисија за атлети или „спортска комисија“. Според соопштението објавено од ФИА, претседателот Жан Тод ќе испрати писмо до членките од 129 земји, со кое ќе побара да го почитуваат и споделуваат олимпиското движење. Автомобилистичката федерација со задоволство ја примила веста за признавањето, воедно безрезервно ја потврдува својата посветеност и учеството во активностите на ИОК и неговите релевантни комисии.

- Одушевен сум што ФИА сега е дел од олимпиското семејство, бидејќи тоа е потврда за силата на нашите спортски сведоштва, како и признание за вредностите како почит, пријателство и совршеност, кои активно ги делиме со олимпиското движење,- вели Тод во официјалното соопштение лиферувано од страна на ФИА по овој повод.

 
01 Себастијан Фетел         (Ред Бул)
392
02 Џенсон Батон                (Мекларен) 270
03 Марк Вебер                   (Ред Бул)
258
04 Фернандо Алонсо         (Ферари) 257
05 Луис Хамилтон              (Мекларен)
227
06 Фелипе Маса                 (Ферари) 118
07 Нико Розберг                 (Мерцедес ГП) 89
08 Михаел Шумахер         (Мерцедес ГП) 76
09 Адријан Зутил              (Форс Индија) 42
10 Витали Петров              (Лотус Рено) 37

Фернандо Алонсо

ГН Австралија (2012)

Петок
Тренинг 1
02:30 - 04:00
Тренинг 2
06:30 - 08:00
Сабота
Тренинг 3
04:00 - 05:00
Квалификации 07:00
Недела
Трка 08:00

Анкета

Кој возач заслужува да остане во Ф1?
 

Календар на настани

Февруари 2012
Mo Tu We Th Fr Sa Su
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29