|
МОТО ГП:
Роси стана советник на Бриџстоун |
|
|
|
| Недела, 27 Март 2011 23:30 |
|
Возачот на Дукати потпишал договор со Бриџстон Европа, според кој двете страни ќе работат заедно на промовирање на страста за мотоциклизмот кон крајните корисници на Стариот континент. Бриџстоун во соопштението до медиумите вели дека ќе го користи знаењето на Роси за да испорача гуми за патиштата кои ќе имаат подобри перформанси и ќе бидат побезбедни. Заклучно со 2010 година, во Мото ГП се освоени четири шампионски титули со пневматиците на Бриџстоун, односно 70 гран при победи и 197 подиум финиши. Две од седумте титули на Роси во кралската класа се освоени со гумите на јапонската фабрика, но Италијанецот во моментов се соочува со предизвикот како да ги развие оние кои што му се потребни за добра сезона по трансферот во Дукати. Идната година зафатнината на моторите се очекува да порасне од 800 на 1000 сантиметри кубни, па и гумите ќе претрпат соодветен редизајн за да се справат со новиот предизвик. Времето ќе покаже дали ова зближување на Роси и Бриџстоун ќе резултира и со подобрување на неговите пласмани.
|









Откако Бриџстоун се обврза на нов тригодишен договор за снабдување на учесниците од Мото ГП шампионатот со пневматици во периодот од 2012 до 2014 година, објавено е дека нивен советник за развој на продуктите ќе биде Валентино Роси.

