|
БЕЗБЕДНОСТ:
Хамилтон во празнична кампања |
|
|
|
| Вторник, 06 Декември 2011 14:07 |
|
Компанијата која што го поседува брендот Џони Вокер, кој што се рекламира на болидот на Мекларен и на кацигите од Хамилтон и Батон, за време на новогодишната ноќ на жителите на Лондон им нуди бесплатен превоз како дел од својата кампања за пиење без управување со автомобил. Договорот меѓу Диаџио и градоначалникот на Лондон е потпишан за следните три години, и ќе се реализира секоја од следните новогодишни ноќи, во интервал од 23.45 до 04.30 часот. Покрај метрото, во кампањата се опфатени и 24-часовните автобуски линии и надземните возови. Согласно препораките за одговорно конзумирање алкохол, на патниците ќе им се нуди и бесплатна флаширана вода за хидратација и прочистување на организмот. Хамилтон ја промовираше кампањата порачувајќи им на сите да не се плашат да се забавуваат, но да се трудат да се сеќаваат на убавите моменти. - Сите ние сакаме да се забавуваме во овој дел од сезоната, но подобро ќе биде ако потоа се сеќаваме на забавата стигнеме дома безбедно. Спонзорството на Диаџио ќе ги направи работите полесни за сите нас во текот на новогодшината ноќ, а самата кампања ќе не потсети дека треба одговорно да конзумираме алкохол. Во текот на мојот ангажман бев дел од многу кампањи за одговорно пиење и се надевам дека и денес служам како потсетник на луѓето од Лондон за примерно да се забавуваат,- изјави при лансирањето на кампањата Луис Хамилтон. За промотивните активности во оваа кампања тој доби бесплатни лекции за управување со метро, како и билет за бесплатно возење кое го симулира неговото безбедно патување од забавата кон дома. Во текот на кампањите за безбедно возење и одговорно конзумирање на алкохолот, Хамилтон на повеќе локации низ светот каде што се возат Ф1 трки, се има појавувано заедно со другите возачи на Мекларен во дискотеки, нудејќи им на гостите кои пиеле алкохол безбедно да ги префрли до дома.
|









Луис Хамилтон ја користи зимската пауза во Формула 1 за да научи како да вози метро низ Лондон, како дел од кампањата на Диаџио за одговорно конзумирање на алкохол.

