|
БЕЗБЕДНОСТ:
Филм со Мишел Јео – „Точка на свртување“ |
|
|
|
| Петок, 17 Октомври 2008 00:00 |
|
Таа заедно со фондацијата на светската автомобилистичка федерација ФИА сними документарен филм, наречен „Точка на свртување“ во кој патува низ светот за да ги посочи некои од најопасните патишта. Од градските улици во Јужна Африка, до оние во Виетнам, таа ги открива грубите вистини за епидемијата наречена „жртви во сообраќајот“, која носи 1,3 милиони човечки животи годишно. Страшен е податокот дека земјите во развој сочинуваат 90% од оваа бројка, а предвидувањата се дека до 2030 година сообраќајот ќе биде главна причина за смртност кај младата популација на светско ниво, доколку соодветни акции не бидат преземени. Во филмот се открива дека најмногу жртви моментално има во Индија. Филмот може да се погледне во неколку верзии според времетраењето (10, 15, 30 или 45 минути) и преку специјалниот сајт за кампањата на ФИА, www.makeroadssafe.org , како и преку посветениот сајт за овој филм: http://www.turningpointfilm.org/watch/index.html |









Актерката Мишел Јео, позната по улогите во „Мемоарите на една гејша“, „Притаен тигар, скриен змеј“, како и „Утрешнината никогаш не умира“ каде што се прослави како „Бонд-девојка“, се јавува како еден од главните промотери на кампањата „Да ги направиме патиштата безбедни“.
