|
ЈАПОНИЈА:
Половина автомобилски пазар да биде еколошки до 2050 |
|
|
|
| Среда, 22 Октомври 2008 00:00 |
|
Долгорочниот план предвидува до 2050 година да се преполови емисијата на штетни гасови во атмосферата, така што половина од автомобилите во земјата да може да се вбројат во категоријата „еколошки чисти“. Експерти сметаат дека напорите на владата во следните четири децении драстично да го зголеми бројот на зелени автомобили во Јапонија ќе биде недоволен, па затоа препорачува во таа акција да се вклучат и домашните и странски производители на возила. Своите планови за радикална промена во домашното производство на возила, јапонското министерство за екологија го направило врз основа на анализите во кои учествувале производители на автомобили, нафтена и гасна компанија, и универзитетски стручњаци.Веќе до крајот на следната деценија јапонските компании меѓу кои и Тојота, Хонда и Мазда, би требало да понудат 17 модели на електро-автомобили и најмалку 38 нови видови возила со хибридни мотори. На тој начин гамата на секој од нив ќе биде репозиционирана и проширена со модели на автомобили од речиси секоја класа. |









Азиската земја која е светски лидер во модерните технологии објави дека во периодот 2010 – 2050 ќе се бори за воведување на еколошки прифатливи автомобили, кои на средината од 21 век треба да претставуваат 50% од вкупниот пазар на автомобили.
