Ф1 Алманах Магазин Екологија Воздухот е гориво на иднината
ДОКАЗ:
Воздухот е гориво на иднината
PDF Печати Е-пошта
(5 гласови, просечно 5.00 од 5)
Вторник, 16 Декември 2008 00:00
Bookmark and Share

MDI_AIr_CarКористењето на компримиран воздух како гориво за придвижување на автомобилите е нешто што веќе им успеало на некои инженери.

Французинот Гај Негре веќе конструирал градски автомобил кој не создава бучава, ниту пак загадување, при што како погонско гориво го користи компримираниот воздух. Ова решение може да го револуционизира градскиот сообраќај бидејќи со едно полнење се гарантираат десет часа возење во градски услови или 150 километри, при што максималната брзина која може да се постигне е над 100 км/ч. Резервоарот е изработен од јаглеродни влакна и кевлар, а се полни под притисок од 300 бари. Компанијата на Негре, МДИ Ер Кар верува дека со употреба на хибридна технологија и вградување на дополнителен мотор кој би работел на био-гориво, може да се прошири автономијата на движење и до 1400 километри.

Уште повеќе, автомобилот кој Негре го конструирал има систем за прочистување на воздухот, со што се филтрира емисијата на јаглерод двооксид, па издувните гасови се почисти и од воздухот кој го користи како гориво!

Дека ова решение не е единствено, говори податокот дека и други инженери ја обработувале истата идеја. Компанијата Магнетик Ер Карс од Сан Хозе исто така има прототип на автомобил кој се движи благодарение на магнетната технологија и компресираниот воздух.

Според нивните податоци, излезниот тек на воздухот од моторот се трансформира во обртен момент, што и дава сила на оската, а тоа го задвижува автомобилот. Во овој процес учествува и силиконска батерија, која што се полни за еден час, а според компанијата трае десет години! Батеријата се рециклира 95%, што го прави овој автомобил еден од еколошки најприфатливите на планетата. Оптимистичките најави на компанијата велат дека би можело да се стартува со сериско производство во текот на 2010.

 
Campaign

Анкета

Дали е ова последна сезона за Фелипе Маса?