Ф1 Алманах Магазин Екологија Кампања на ФИА - „Make cars green“
Екологија:
Кампања на ФИА - „Make cars green“
PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од 5)
Понеделник, 28 Декември 2009 14:04
Bookmark and Share

Clipboard02Меѓународната автомобилистичка федерација ФИА спроведува глобална кампања „Make cars green“ (Да ги направиме автомобилите „зелени“), во која целна група се возачите на патничките возила. Таа се ефектуира низ целиот свет, со цел да се зачува животната средина и опстанокот на човештвото. Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ) во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и Министерството за внатрешни работи, на 23 мај 2009 година ја започнаа оваа кампања и во Македонија.

Глобалното затоплување и промените на климата се основната и најголема причина за да се започне со оваа глобална кампања.

Целта е да се намали негативното влијание на автомобилите врз животната околина и да ги поттикне возачите да размислуваат „зелено“ пред да влезат во нивните автомобили. АМСМ на граѓаните и учесниците во сообраќајот им препорачува 10 совети за еколошко возење:

 

Clipboard101. Купувајте еколошки автомобил

Кога купувате автомобил, секогаш треба да ги земете предвид и еколошките

перформанси.Купете автомобил со големина која одговара на вашите потреби.

Поефикасен еколошки автомобил ќе ве чини помалку.Со помош на Еко-тестот на FIA Foundation www.ecotest.eu може да се информирате за лесно разбирливиот систем за рангирање кој ги оценува еколошките перформанси на новите модели на автомобили.

 

Clipboard032. Планирајте го Вашето патување

Добро испланираното патување ќе ви овозможи да стигнете до Вашата дестинација на најбрз и најлесен начин, со најмало испуштање на штетни издувни гасови. Имајте предвид дека десет минути непотребно возење за време на патување од еден час, резултира со 14% намалување на ефикасноста на

потрошувачката на гориво. За куси патувања, доколку е можно користете велосипед, јавен превоз или, пак, одете пеш. Опремувањето на автомобилот со уред за глобален систем за позиционирање (Global Positioning System - GPS), може да Ви овозможи однапред да ја дознаете најлесната рута до одредената дестинација.

 

Clipboard043. Често проверувајте го притисокот во гумите

Добро напумпаните гуми го намалуваат отпорот при вртењето, со што се зголемува ефикасноста. Возењето со гуми кај кои притисокот е за 50kPA (0.5kg/cm²) понизок отколку што треба, ја намалува ефикасноста на горивото за 2 %, односно 4% во урбани и приградски места. Размислете за опремување на Вашиот автомобил со мониторинг систем за притисокот на гумите, кој ќе ви покаже кога треба повторно да ги напумпате. Соодветно напумпаните гуми овозможуваат подобра контрола и сигурност на возилото на пат, што значи не само поеколошко, туку и побезбедно возење.

 

Clipboard054. Намалете го товарот во автомобилот и избегнувајте употреба на покривен багажник

Секоја дополнителна тежина ја зголемува потрошувачката на горивото, а исто така доаѓа и до поголем отпор на воздухот. Возење со 100 кг. непотребен товар доведува до значително зголемување на потрошувачката на гориво за околу 6% кај автомобил од средна класа. Проверете дали имате непотребни работи во багажникот на автомобилот, на пр. дополнителен товар или предмети кои се премногу големи. Современите автомобили се направени со аеродинамичен облик, па според тоа, кровниот држач за скии може да ја зголеми потрошувачката за 20%.

 

Clipboard065. Не го загревајте моторот пред поаѓање

На современите автомобили повеќе не им е потребно загревање пред поаѓање, со исклучок во студените денови.Се препорачува бавно возење по стартување на моторот; овој начин на возење исто така ја зголемува ефикасноста на горивото. Современите автомобили се конструирани со мотор за вбризгување на

горивото, па не е потребно да се притиска педалот за забрзување при

стартување на автомобилот. Доколку го правите тоа, само ќе ги „збуните“

вградените системи и ќе ја зголемите потрошувачката на горивото.

 

Clipboard076. Употребувајте го клима уредот само кога е неопходно

Избегнувајте да го вклучувате клима уредот на минимум, бидејќи тој троши голема енергија од Вашиот автомобил. Кога надворешната температура е 25°C, клима уредот ја зголемува потрошувачката за 12%. Доколку е безбедно, при градското возење отворањето на прозорите е поефикасно отколку вклучувањето на клима уредот. Меѓутоа, при возење со голема брзина, исправно би било да го вклучите клима- уредот, поради отпорот на воздухот. Другите уреди во автомобилот, како што се зучните системи, исто така ја зголемуваат потрошувачката.

 

Clipboard087. Забрзувајте го возилото постепено и одржувајте ја брзината на константно ниво

При внимателното возење се троши помалку гориво, побезбедно е и Ви овозможува вам и на вашите сопатници да стигнете до вашата дестинација поудобно. Тргнете полека ( со забрзување од 20km/h за 5 секунди, со што се намалува потрошувачката на гориво за 11%) и избегнувајте нагли, големи забрзувања при возењето. Избегнувајте „лепење“ до возилото пред вас, бидејќи тоа предизвикува непотребно забрзување или намалување на брзината кое предизвикува зголемување на потрошувачката на горивото за 2% во урбани и 6% во приградски места. Возете со највисок можен пренос на брзините во секоја ситуација.

 

8. Користете моторно сопирање

Користењето на природната сила за сопирање на моторот го штеди горивото. Отпуштањето на педалата за гас при потреба да се забави возилото го прекинува дотекот на горивото што доведува до зголемување на потрошувачката за 2%. Моторното сопирање исто така дополнително го намалува трошењето на сопирачките.

 

Clipboard099. Не оставајте моторот да работи во лер

И кога не го користите моторот на возилото, тој сепак троши гориво. При работењето на моторот во лер повеќе од една минута, се троши повеќе гориво отколку да се стартува моторот повторно. Десет минути работа на моторот во лер (со исклучен клима- уред) троши 130cc гориво.

 

 

 

Clipboard1110. Намалете ги емисиите на СО2 од Вашиот автомобил

Испуштање на СО2 како резултат на транспортот честопати е неизбежно, па, доколку возите, сепак можете да придонесете за намалување на емисиите на СО2. FIA беше пионер со овој проект за намалување на емисиите на CO2 изработен во Мексико пред десет години.

 
Campaign

Анкета

Дали е ова последна сезона за Фелипе Маса?