|
ПОСЕТА:
Официјалниот протокол на Мозли |
|
|
|
| Недела, 23 Ноември 2008 01:00 |
|
За време на посетата на Македонија, претседателот на ФИА, Макс Мозли имаше и средба со собранискиот спикер, Трајко Велјановски.
За време на својата посета, претседателот на ФИА, Макс Мозли имаше и средба со собранискиот спикер, Трајко Велјановски. Ф1 Алманах дознава дека било разговарано на повеќе теми од областа на сообраќајот и спортот, но во најголем дел се говорело за подобрување на безбедноста. Европската регулатива за изградба на безбедни патишта обединета под акронимот ЕУРО РЕП станува достапна преку залагањата на АМСМ и Националниот совет за безбедност во сообраќајот, а со нејзиното прифаќање и имплементација од страна на државата се добива и пристапност до одредени европски фондови, но и можнсот за добивање поволни кредити од страна на банкарските институции. Велјановски беше гостин и на гала вечерата, каде што го продолжи разговорот со Мозли на централната маса, заедно со претседателот на ФИА ЦЕЗ, Радован Новак, и претседателот на АМСМ, Спасе Јовковски.
НЕОФИЦИЈАЛНО И БЕЗ ТЕЛОХРАНИТЕЛИ
Иако посетата на Мозли беше организирана на највиско државничко ниво, а воедно гала манифестацијата на која и тој беше гостин за прогласување на шампионите од првенствата на ФИА ЦЕЗ сама по себе бараше добро обезбедување поради високите гости, претседателот на ФИА неофицијално беше допатуван без телохранители. По завршување на официјалниот протокол во петокот навечер со гала вечерата во Холидеј Ин, тој со домаќините искористил можност да прошета блиску до кејот крај ГТЦ и да забележи дека имало многу добри ресторани. Во италијанскиот ресторан Џино, Мозли имал можност да проба и некои македонски вина, густирајќи ги со пршута и пармезан, но во хотелската соба се вратил по само еден час и тоа на свое инсистирање, без ничија придружба. |










