ЕКСТРЕМНИ СПОРТОВИ:
Икс-фајтерите се подготвуваат за новата сезона
PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од 5)
Вторник, 21 Февруари 2012 00:16
Bookmark and Share

x-fighters_sidnej_2011Најдобрите светски возачи во мотокрос, слободен стил, повторно ќе полетаат во воздухот пред огромна публика, на некои од најлегендарните локации, кога новото првенство на Ред Бул Х-фајтерс ќе ја започне својата светска турнеја со шест станици, од кои прв е Дубаи е на 13 април.

Скокови од кои што застанува здивот, изведени со мотори кои летаат над кориди, акробации кои што ја негираат гравитацијата пред разјарената публика, како и некои од највозбудливите дуели без заштита во светот на спортот, повторно ќе бидат основни состојки на светската турнеја на Ред Бул Х-фајтерс. Најважното натпреварување во светот на мотокросот во слободен стил (ФМХ) оваа година ќе застане во Дубаи (Обединети Арапски Емирати), Глен Хелен (Соединети американски држави), Истанбул (Турција), Мадрид (Шпанија), Минхен (Германија) и Сиднеј (Австралија).

Со шест натпревари на четири континенти, ФМХ учесниците ќе се борат за поени во шампионатот пред публиката во градовите кои веќе биле домаќини, Дубаи, Мадрид и Сиднеј. Исто така, тие ќе ги поведат и своите мотоцикли во небото над новите локации Глен Хелен во Калифорнија, Истанбул и Минхен, во дванаесеттата сезона на овој спорт. Дени Торес од Шпанија ќе ја брани титулата откако лани го симна од тронот Американецот Нејт Адамс, пред публика која вкупно броеше 230.000 луѓе.

Торес ја започна својата возбудлива брканица за титулата со стимулирачка победа пред домашната 23-илјадна публика во Мадрид, забележана во средина од сезоната. Тој знае дека годинава задачата ќе му биде отежнета со враќањето на некои возачи во првенството. Меѓу нив е Андре Вила од Норвешка, кој имаше добар старт, но заврши како трет зад Торес и Адамс, поради повредата што ја заработи во спектакуларен инцидент. Се враќа и победникот од Сиднеј, Џош Шиан, кој славеше со две двојни салта наназад пред својата публика, како и Ливај Шервуд од Нов Зеланд.

- Ред Бул Х-фајтерс е најважното првенство со најдобрите возачи во светот,- изјави Торес. - Може да има изненадувања од кој било возач.

x-fighters_brazilija_2011

Системот на натпреварување предвидува бодување на учесниците на секоја трка, и тоа:

100 бода за прво место, 80 бода за второ место, 65 бода за трето место, 55 и 45 поени за оние на четврта и петта позиција, додека шесто пласираниот освојува 35 бодови, а секој нареден по пет помалку. Вкупно, 12 возачи освојуваат бодови на секоја станица од шампионатот.

Календарот за 2012 година изгледа вака:

13.04 Дубаи, УАЕ
12.05 Глен Хелен, САД
16.05 Истанбул, Турција
20.07 Мадрид, Шпанија
11.08 Минхен, Германија
06.10 Сиднеј, Австралија

 

 
Campaign

Избор на уредникот