РЕКОРД:
Пастрана го прелета пристаништето на Лонг Бич
PDF Печати Е-пошта
(3 гласови, просечно 5.00 од 5)
Сабота, 02 Јануари 2010 03:15
Bookmark and Share

pastrana_flying_in_the_subaru_600

Четирикратниот шампион на Рели Америка и деветкратен освојувач на златен медал на екстремните Х-игри, Тревис Пастрана, ги собори границите и буквално влета во историјата со величенствен скок од 82 метра.

Околу девет часот навечер по локално време во Калифорнија на 31 декември 2009 година, Пастрана ја стартуваше последната фаза од проектот за кој се подготвуваше со месеци. На располагање му беше Субару Импреза СТИ, која има дволитарски мотор со 450 коњски сили, а со која постигна забрзување од 146,5 километри на час, пред да полета во воздухот. Стартувајќи од кејот на Лонг Бич, неговиот автомобил леташе на вода (пристаниште), а приземјувањето на спротивната страна беше на огромен сплав. Претходниот рекорд изнесуваше 52 метри (171 стапка според американскиот систем), а сега границата е поместена на 82 метри (269 стапки), иако првобитната идеја била да се удвои дистанцата и рекордот да изнесува должина на едно фудбалско игралиште.

На подвигот во живо му се радувале околу 75.000 гледачи, собрани специјално за оваа пригода на познатата плажа во Калифорнија.

- Бев нервозен целиот ден, но кога седнав во автомобилот се чувствував смирено. Дефинитивно беше позабавно отколку на тренинзите! Кога слетав, ѕидот што требаше да ме задржи ми дојде премногу брзо. Среќен сум што јас и колата не завршивме во течноста. Каков начина да се влезе во 2010,- коментираше Пастрана на крајот од настанот.

Неговото име е синоним за фантастични постигнувања: тој го направи првото двојно салто со мотоцикл, скокна од авион без падобран, а сега постави рекорд за најдолг скок со возило. Веднаш по поставувањето на рекордот, тој сепак направи скок со салто во водите на пристаништето.

 
Campaign

Избор на уредникот