|
ГОСТУВАЊЕ:
Кубица ќе вози на рели Монте Карло |
|
|
|
| Недела, 10 Јануари 2010 13:08 |
|
Полското национално радио ја потврдија оваа вест, дополнувајќи дека тој во согласност со својот нов работодавец, ќе вози со Рено Клио Р3, а совозач ќе му биде Јакуб Гербер. Истиот извор тврди дека ова ќе биде четврт рели настап на првиот возач од оваа земја кој стигна до Формула 1. Кон средината на ноември, тој возел на релито Сицилија (Таормина – Месина), а една седмица подоцна и на уште едно италијанско рели (Ронда Чита) каде што завршил на 35-то место. Пред крајот на годината имал и настап во Франција, на кој што финишрал како 29-ти, а на една Божикна трка сепак не учествувал бидејќи била откажана поради снежните падежи. Следново видео е од неговиот прв настап во Сицилија. |









Роберт Кубица ќе учествува на познатото рели Монте Карло од 19 до 23 јануари, кое оваа година не е дел од календарот на светското првенство.