|
ЕКСТРЕМНИ СПОРТОВИ:
Битола леташе на екстремната "Ред бул трка со трицикли" |
|
|
|
| Вторник, 13 Јули 2010 17:59 |
|
На една од најзабавните и најекстремните трки со трицикли, во Битола, учествуваа 31 натпреварувач. Најбрз и најхрабар беше Горазд Николоски, кој ја освои шампионската титула. Вицешампионското место го освои Боби Ивановски. Третото место му припадна на Павле Вељановски. Тројцата победници, покрај освоените вредни награди, заедно со уште петмина полуфиналисти, ќе одат на натпреварување во Белград на 18 септември годинава. Во петокот, пред последен тренинг за големата трка во Битола, имаше пријавено 64 натпреварувачи, но на половината од нив на генералниот тренинг им се скршија триколките, па за големата трка останаа 31 натпреварувач. И победникот на трката Горазд Николоски искрши три свои триколки за време на тренинзите, но тоа не го поколеба да учествува во големото натпреварување и, на крај, да победи. Дека “Ред бул” им дава крилја на сите потврдија и три девојки кои во големата трка ја бранеа честа на понежниот пол и беа главна атракција под Тумбе кафе. Под Тумбе кафе вчера се собраа неколку стотини љубители на екстремните трки на “Ред бул” да ги проследат умешностите на тркачите во совладувањето на свиоците и рампите и да го кренат уште толку адреналинот кој веќе беше на највисоко ниво. Есктремната трка во Битола привлече и познати фаци од јавниот живот во Македонија, а познатиот рапер Тони Зен дури и посака да вози редбулова триколка. Со излетувања и падови на 300-метарската патека, натпрварувачите за подобра позиција се натпреваруваа во групи од по четири тркачи. Двајцата првопласирани од секоја група одеа понатаму се до последната финална трка. Трките со трицикли во 60-тите години беа забава за најмладите, а денес "Ред бул" ја преработи во свој стил и последниве неколку години се враќа како една од највозбудливите и најзабавните трки за најхрабрите. Пред неколку децении трициклите или триколките биле составени од пар штици, три лагери и штица за управување. Во Битола трициклите беа модернизирани, иако принципот на нивна изработка остана ист. Место лагери се употребуваа тркалца од ролерки, од скејтборд или кои било други тркалца чиј пречник не е поголем од 10 сантиметри, а сето тоа натпреварувачите сами го изработуваа. И не само што сами ги правеа триколките туку и за време на трките знаеја да се туркаат со противниците, да се надмудруваат и да победуваат. А сето тоа го постигнуваа со многу вештина, црвстина и отпорност на скокови и падови, а без кочење, бидејќи кочењето беше дозволено само на целната рамнина. Битола вчера (сабота) доби крила со “Ред бул”. На крајот и организаторите и учесниците и` ветија на битолската публика уште една адреналинска журка следната година.
Браќата Петар и Андреј со 8 и 10 години намлади “Ред бул” тркачи со трицикл
Осумгодишниот Петар Димовски од Битола беше најмладиот натпреварувач на “Ред бул трката со трицикли”. Но, годините никако не му беа пречка да ги помине квалификациските трки и да стаса до главните трки од Тумбе кафе. Тој и неговиот 10-годишен брат Андреј ја извозија патека со ниеден пад и ниеден кикс. |









Битола денес (сабота) леташе на трицикли од Тумбе кафе благодарение на “Ред бул” и неговата трка со трицикли, која за прв пат ексклузивно се одржа во Македонија.